Сите барем еднаш во животот сме посакале да ни паднат пари од небо, а на жителите на Мичиген им се случи токму тоа. Личностите кои во тој момент биле во паркот се изненадиле кога наеднаш почнале да паѓаат пари од небо.
Имено, дронот кој летал над нив фрлал пари, а луѓето се туркале за да соберат што е можно повеќе банкноти од 100 долари. За сега не е откриено кој стоел зад ова добро дело.
Полицијата на Мичиген за ова смета дека е многу добар гест, но единствено нешто што требало да се направи е да се извести полицијата за да спречи доколку се случат одредени инциденти.