Што значи кога ви „игра“ окото?

Сигурно од време на време ви се случува да ви „заигра“ очниот капак, без никаква причина. Тоа е многу честа појава која обично го зафаќа само едното око едновремено. Во медицината, ова треперење на долниот или горниот очен капак се нарекува миокимија.



Се смета дека конкретната причина за ваквите контракции на очниот капак произлегуваат од функционирањето на одредени нервни зони, а на истите можат да влијаат некои секојдневни појави, како што се стресот, заморот, недостатокот на сон, претераниот внес на кофеин, долготрајното седење пред компјутерот, пореметување на нервите, но и недостатокот на магнезиум во организмот, кој се губи преку потењето за време на напорен тренинг.

Но, за оваа појава се врзуваат бројни митови и суеверија, кои се разликуваат во различни култури. Така, на нашето поднебје, играњето на капакот на левото око се толкува дека претстои нешто лошо, додека во Кина истото се смета за добра среќа.

Еве како се толкува миокимијата во различни делови од светот:

Кина

Играњето на десното око се смета за лош предзнак, додека играњето на левото е знак на добра среќа. Но, кај жените ситуацијата е обратна. Кога на жената и трепери долниот лев капак, се верува дека ќе плаче или дека некој ја озборува.



Делови на Африка

Во некои делови на Африка, се верува дека кога горниот очен капак трепери, тоа е знак за сретнување со некој кој не сте го очекувале, а подрипнувањето на долниот капак значи дека наскоро ќе плачете.

Индија

Во Индија се толкува обратно отколку во Кина. Играњето на десното око е знак за добри вести, а левото за лоша среќа.

Хаваи

Треперењето на левото око за Хавајците е знак за налетување на странец, а константното подрипнување на истото око значи пропаст во семејството.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби