Снимал за време на операција: Она што го слушнал го запрепастило

Еден пациент во болница во Вирџинија чекал да го подготват за операција. Пред да го оперираат докторите го советувале за терапија која треба да ја прима по операцијата, а тој го снимал тој разговор на неговиот мобилен телефон во случај да не го запомни. Потоа му вбризгале анестезија и таа брзо почнала да делува, па така заборавил да го стопира снимањето.

Откако сè добро завршило и се вратил дома, решил да ја прегледа снимката и открил невкусна вистина.

- По само пет минути со тебе, пред операцијата, ми дојде да ти удрам една во лице, изјавила докторката само неколку минути откако почнала да делува анестезијата.



Истата докторка го предупредила и асистентот да внимава на црвенилото кое го имал пациентот, за да не се зарази.

- Може да добиеш сифилис на раката, рекла докторката и додала дека човекот можеби боледува од ебола или туберкулоза на пенисот, а потоа сите се смееле.

Еден од асистентите го нарекол пациентот ретардиран, а потоа следеле нагаѓања за неговата сексуална ориентација. Нагаѓале дали е геј, а докторката кажала дека познава хомосексуалци кои имаат „многу повеќе во панталоните“ од овој пациент.

Пациентот не можел да верува во она што го слушал, затоа што имал голема доверба во докторите. Сепак, решил да ја објави снимката, а откако тоа стигнало до ушите на директорот, докторката добила отказ.

Исто така, преку судски пат побарал оштета и си добил 500 000 долари.

- Ова е преседан, никогаш претходно не сум се сретнал со сличен случај, изјавил адвокатот кој го застапувал пациентот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби