Најефтини начини да се решите од здодевните мравки

Борбата со мравките најчесто започнува веќе на пролет, а летото е годишната доба кога тие ни предизвикуваат најмногу главоболки. Затоа, ви претставуваме седум корисни совети со помош на кои ќе се решите од овие здодевни инсекти.



Повеќето од потребните средства ги имате дома, а не знаете дека со нивна помош можете да му ставите крај на овој проблем.

Леплива лента

Походот на војската од мравки во вашата кујна најпрво запрете го со лента која е леплива и на двете страни. Таква ќе најдете во книжарниците и во продавниците за канцелариска опрема. Пронајдете ја патеката на мравките и просторот кон кој се движат „оградете“ го со лентата преку која колоната едноставно нема да може да помине.

Борна киселина

Оваа киселина се продава во вид на прашок. Помешајте 3 лажици борна киселина и 3 лажици шеќер во 200 мл топла вода. Натопете парчиња памук во оваа течност и ставете ги на местата каде се собираат мравките. Шеќерот ќе ги привлече, а борната киселина ќе ги уништи.



Брашно

Мравките не поднесуваат бело пченично брашно, па со него лесно ќе ги избркате. Истурете брашно по рабовите на просторијата во која доаѓаат мравките. Уште еден вид на брашно кое ќе ги уништи е пченкарното. Овој вид на брашно мравките го носат назад во своето гнездо и го јадат, но нивниот дигестивен систем не може да го свари, заради што тие ќе изумрат.

Тегла

Доколку во дворот сте лоцирале ров на мравки, нив едноставно ќе ги уништите со помош на тегла. Направете на дното од теглата мало дупче со помош на бормашина и поставете ја директно врз ровот. Во теглата истурете 2 литри врела вода, која низ дупчето ќе помине во ровот. На овој начин ќе ги уништите сите мравки кои се наоѓаат внатре.

Цитруси

Не ви се потребни опасни индустриски инсектициди за да се одбраните од мравките. За оваа цел ќе би помогнат лимоните и портокалите, чија миризба мравките не ја поднесуваат. Со лимонов сок испрскајте ги праговите на прозорите. Во блендер направете пире од кора од портокал и една шолја топла вода, па полека излејте таму каде што се населени мравките.



Бибер

Мравките во вашиот дом воглавно бараат шеќер, а вие изненадете ги со бибер. Истурете бибер на местата на кои се собираат и по кои патуваат. На овој начин ќе им испратите порака дека во близина нема шеќер.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби