СТУЈАРДЕСА ПРОГОВОРИ ЗА СВОЕТО НЕОБИЧНО ИСКУСТВО

Исповед: Секс, изневерувања и шокантни контроверзности во првата класа

Поранешната стјуардеса на авиокомпанијата Virgin Atlantica, Менди Смит, која веќе се има појавено на насловните страни на весниците и списанијата, сега повторно успеа да крене прашина со нови признанија.



Пред почетокот на промоцијата на нејзината книга во САД, Менди се присетила на додворувањата на милијардерите, забавите на кои шампањот течел како од чешма, како и сексот во авионите за време на летовите.

Поранешната стјуардеса, која денес е омажена и е мајка на 4-годишна ќерка, тврди дека на сите девојки од персоналот постојано им се случувале вакви искуства.

- Се има случено повеќе пати да ми пикнат рака под здолништето додека се истегнував да ги дофатам горните прегради. Во периодите кога осветлувањето беше намалено, не ретко се случуваше да видам по некој напален патник како маструбира додека сите околу него спијат. Имаше и еден пар во налет на страсти кој трчаше гол низ првата класа. Ова се работи за кои треба да бидеш силен за да можеш да ги издржиш, се отворила таа.

Во интервјуто за New York Post, Менди се потсетила и на нејзиниот секс со пилотот во пилотската кабина, но и на авантурите кои ги имала со арапските милијардери за време на престојот во Дубаи.



- Ги поминувавме ноќите крстарејќи по Перзискиот залив, држејќи се за рака и уживајќи во лосос, јастог и кавијар, вели поранешната стјуардеса.

Минатата година, во интервју за MailOnline, 41-годишната авторка на книгата „Cabin Fever“ признала дека нејзината работа не секогаш била толку гламурозна.

- Очигледно добро се забавувавме, но многу од тоа изоставив во книгата бидејќи не сакав да изгледам дека само тоа сме го правеле. Патниците знаеа да се однесуваат многу полошо, особено оние од средната класа, бидејќи мислеа дека се подобри од тие кои патуваат во економската. Еден маж ми фрли парче пица во лице тврдејќи дека не била доволно добра за неговиот син. Еден бизнисмен од првата класа се сексаше со друга патничка покрај барот. Испија по неколку пијачки, па буквално 5 минути подоцна, таму помина неговата сопруга сакајќи да го види. Таа седеше во економската класа и немаше поима што прави нејзиниот сопруг. Ние бевме во шок, раскажува Смит.

Тука бил и инцидентот со мајката на една американска ѕвезда, која полудела за време на летот и и’ го скршила носот на една од стјуардесите.

И покрај тоа што патниците не се однесувале секогаш пристојно, гламурозниот престој на локациите како Лос Анџелес, Јоханесбург и Барбадос, бил доволен за сето непријатно искуство да се заборави.Таа тврди дека со текот на времето и’ здодеал хедонистичкиот начин на живот, но додека траел, таа имала момчиња на „секој агол“.



Една забава која се одржала во Лас Вегас била премногу контроверзна за да биде раскажана во нејзината книга.

- Момчето на една од стјуардесите беше модел на Calvin Klein. Нè повика на забавата, на која воопшто не се штедеше, а алхолот течеше како низ чешма. Потоа отидовме во хотелската соба која беше огромна. Луѓе се сексаа на сите страни, а на масите имаше големи количини дрога, која не ја ни допревме затоа што во авиокомпанијата редовно ни правеа тестирања на дрога, но бесплатниот шампањ не го одбивме, се присетува таа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби