Селфиња од кои „болат очи“

Селфи фотографиите до пред извесно време претставуваа необичен тренд, но сега веќе сите ги прифативме, сакале или не. Противниците ги има се помалку, а себе-претставувањето стана дел од речиси сечие секојдневие.

Сепак, селфи фотографиите дефинитивно се извор на најголемите утки кои можат да се направат во желба да им покажеме на сите колку добро изгледаме. Во таа смисла, постојат одреден тип на селфиња кои мора веднаш да ги заборавите. Еве кои се тие:

„Од некоја непозната причина се сликам во WC“ селфи



Во ред, сите одиме до тоалетот за да провериме дали шминката ни е во ред и дали секое влакно е на своето место. Но, навистина ли сакате да објавите слика со позадина од WC плочките? Овие слики делуваат смешно и се без никаква поента, а единствено ја откриваат вашата желба за „покажување“, која зад себе крие несигурност.

Селфи на погреб



Верувајте, за жал постојат и такви. Некои работи навистина не се прилика за правење селфиња. Погребите дефинитивно се едни од нив.

„Наскоро ќе го кажам судбоносното ДА“ селфи



Не наскоро како за една недела, туку наскоро како за 10 минути! Уживајте во можеби најголемиот ден од вашиот живот и подобро искористете го времето. За фотографирање сигурно веќе сте задолжиле и платиле одговорно лице.

„На плажа сум и имам супер тело“ селфи



Не мора да искористите селфи фотографија со цел да го истакнете згодното тело. Подобро дајте му на некој да ве слика – на тој начин нема да бидете толку нападни.

„Погледнете ја оваа вкусна храна која наскоро ќе ја изедам“ селфи



Вашата фаца покрај добра храна? Поштедете ги другите од таа смешна глетка, а вие од потсмев!

„Стојам покрај некој познат“ селфи



Кога подетално ќе се набљудува форографијата, ќе се забележи дека познатата личност не го дели вашето воодушевување, туку веројатно изгледа како да и’ е здодевно. Уште полоша варијанта е доколку се обидувате незабележливо да ја „уловите“ во позадина. Немојте ни да помислите на тоа!

„Се бакнувам со саканиот“ селфи



Доколку се обидувате да го фатите бакнежот на камера, тешко дека уживате во него. Ваквите исценирани моменти даваат сосема спротивен ефект, колку и да мислите дека сте извлекле „спонтан“ ефект.

„Се разбудив ваква“ селфи



Не, не сте се разбудиле така. Пред да го направите селфито сигурно сте ја местеле косата, малку сте го поправиле тенот и сте ги освежиле трепките. Да не зборуваме за ловењето на докажаниот совршен агол на фотографирање под кој изгледате најубаво.

„Duck face“ селфи



Сите знаеме колку идиотски делуваат и искрено се надеваме дека сфаќате зошто ваквите селфи фотки се предмет на исмевање. Никој не изгледа привлечно, ниту нормално, во duck face варијанта.

„Испробувам некои парчиња“ селфи



Сигурно сте го превртеле целиот шкаф за да го пронајдете она што најдобро ви стои и во што сакате да се покажете. Самиот куп од алишта кој нема ни да го забележите во позадина, го потврдува фактот дека можете да нè излажете.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби