Сите знаеме дека љубовта помеѓу животните и луѓето навистина може да биде неизмерна и искрена. Една креативна мајка од Вашингтон на интересен начин одлучила да ја прикаже љубовта помеѓу нејзиниот син и неговите домашни миленичиња.
Станува збор за седумгодишно момче, неговите две прекрасни кучиња и коњот со име Визон кој се приклучува на групата која заедно ја споделува љубовта. Сликите се само уште еден доказ за убавите моменти поминати заедно и нивното вистинско пријателство!