Знаете ли како треба да се однесувате на нудистичка плажа?

Нудистичките плажи сами по себе си имаат свој шмек и своја привлечност. На тие плажи единствено се гледа само во очи, а не во разголените гради или гениталии. Ова е едно од главните правила за однесување меѓу нудистите.



На нудистичките плажи често залутуваат и некои личности кои воопшто немаат основно однесување. Сепак, ако не сте нудист, а сакате да се најдете на таква плажа на која со задоволство би уживале голи, имајте на ум дека постојат одредени непишани правила за однесување.

Излежување на плажа

Ставете крпа на секој стол или лежалка на која се одмарате. Седнете или легнете на ист начин како да носите костум за капење, сè додека ви е удобно.



Држете растојание

Било да се одмарате или сончате на лежалки или на крпа, држете пристојно растојание од другите луѓе околу себе. Не ја ставајте вашата крпа до крпата на другиот, затоа што треба да му овозможете доволно место од околу еден метар.

Намачкајте се добро

Оние делови кои не ви биле експонирани на сонце, мора добро да ги намачкате со млеко за сончање за да не ви изгорат. Верувајте дека тоа чувство воопшто не е пријатно.



Наведнување

Веќе сте потполно голи, па затоа нема изненадувања. Ако треба да кренете нешто од земја, подобро е да клекнете отколку да се наведнете, бидејќи ако почнете да правите некои невообичаени движења и чудни пози ќе привлечете внимание.

Синдром на ладна вода

Ако сте маж, кој има голем полов орган, бидете свесни дека ќе биде мошне намален откако ќе излезете од водата. Немојте да се срамите за тоа.



Депилирање или не?

Ова е едно од потешките прашања, бидејќи уживањето на нудистичка плажа е во тоа да се однесувате сосема природно. Сепак, добро е да сте средени.

Гледање во други луѓе

Нема потреба да „зјапате“ во нечие голо тело. Едноставно однесувајте се како кога сте на обична плажа, од време на време погледнувајте кон некого, но тоа да биде сосема едноставно и ненападно.



Ерекција?

Без грижа, само легнете на стомак и не мислете на нешто што може да ве возбуди. Ако премногу се возбудувате од гледањето на сите голи тела околу вас, тогаш вие сте за на обична плажа.

Фотографирање на нудистички плажи

Најдобро е да не фотографирате никого без негова согласност, а заборавете и на снимање видео клипови со телефон.



Тишина

Луѓето кои доаѓаат на нудистичка плажа не само што не ја трпат облеката на своја кожа, туку не трпат ни бучава. Затоа, бидете тивки.

Одење во ресторан

Ако сте на нудистичка плажа и во близина има ресторан, секако треба да се распрашате за правилата. Но, за секој случај, секогаш носете крпа со себе за да може да ја завиткате околу голото тело или да ја постелете на столот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби