Луксузот нови нова дефиниција во Лондон, каде беше претставен првиот „небесен базен“ со стаклено дно, во кој ќе може да се плива на висина од 35 метри над градот. Овој атрактивен базен, длабок 3 метри, е целосно направен од стакло дебело 20 сантиметри и „виси“ на 10-от кат над земјата.
Изградбата на овој проект ќе започне годинава, а во 2018-та центарот ќе биде отворен за вселување.
- Мојата визија за „небесниот базен“ потекна од желбата да ги поместам границите на изградбата и инженерството. Сакав да направам нешто што не е направено досега. Проѕирната структура на „небесниот базен“ е резултат на значајниот напредок на технологијата во последнава декада, а искуството кое ќе го нуди ќе биде сосема уникатно, како да пловите во воздухот над Лондон, вели Шон Мулрејн, директорот на Ballymore Group, која го изведува проектот.