Шинји Накаба е дизајнер на накит кој работи со овој занает уште од 1974-та година. Она што ги прави неговите парчиња толку посебни е употребата на неконвенционални материјали за да се создадат истите.
Овие комплексно изгравирани бисери во вид на черепи се пример за неговата исклучителна работа.
- Сакам да им создавам нов живот на работите кои немаат повеќе никаква вредност. Не користам само скапоцени метали и камења, туку и секојдневни предмети, како алуминиумски лименки од пиво, пластични шишиња, па дури и ѓубре, вели Накаба.
Преку својата линија на накит од бисери претворени во черепи, овој вешт уметник сака да ја истакне безначајнота на животот на Земјата.