Десет начини да ги преполовите трошоците за храна

Трошоците за намирници често се многу високи, но воедно тие се најлесни за контролирање, затоа што тоа не се сметки кои доаѓаат месечно и кои се речиси секој месец исти.



1. Не одете често да купувате

Ако поминувате помалку време во продавниците, помалку ќе потрошите. Сетете се кога последен пат сте биле по само неколку работи. Сте купиле само намирници кои вам ви требаат или сте потрошиле повеќе од очекуваното и сте купиле намирници поради привлечното пакување или сте ги купиле затоа што биле на намалување и не сте можеле да ја пропуштите приликата?



Тоа им се случува на сите. Кога купувате често, постојано сте во искушение да купите уште нешто. Тргнете полека. Ако одите во шопинг три пати неделно, прво пробајте да одите само еднаш оваа недела, а потоа само еднаш месечно.

2. Понесете дигитрон

Определете си буџет за секое одење во шопинг, а за да се држите до него, понесете со себе дигитрон. Како што ги ставате намирниците во кошницата, така внесувајте ги цените на дигитронот и собирајте.



Како што ги внесувате и собирате цените на секоја намирница, свесни сте колку тоа навистина чини и два пати ќе размислите дали тоа навистина ви е потребно или не.

3. Плаќајте во готово

Оваа тактика можеби не ви се допаѓа, но верувајте дека функционира. Кога плаќате во готовина, наместо со картичка, тоа ве тера да се држите до буџетот бидејќи тогаш навистина гледате колку сте потрошиле и колку пари ви останале во паричникот.



Најдобро е да ја оставите картичката дома и да понесете толку пари колку што планирате да потрошите за да бидете сигурни дека нема да додадете нешто во кошницата.

4. Купувајте намирници кои се на намаление

Секој викенд, продавниците ни праќаат каталози во кои се издвоени производите на попуст. Не ги фрлајте, бидејќи можат да ви помогнат во планирањето на шопингот.



Прошетајте во продавниците и проверете ги намирниците кои се на намаление за да не заборавите нешто.

5. Не ја шетајте цела продавница

Повеќето од продавниците имаат политика слатките, гумите за џвакање и бомбоните да се позиционирани кај касите за да ви бидат на дофат на рака.

Фрижидерите во кои се наоѓаат месото и млечните производи се во одвоен дел, додека во средината се наоѓаат слатките.



Најдобро е да одите само во оние делови во кои ќе ги пронајдете оние намирници за кои и дојдовте.

6. Купувајте помалку месо

Еден од начините со кои ќе ја намалите сметката е да купувате помалку месо. Пробајте наместо месо да ставите зеленчук во вашиот најдраг рецепт.

Тортиљите, шпагетите и оризот ќе имаат добар вкус и ако наместо месо ставите зеленчук, како што е доматот или ако зготвите шпагети, грав или грашак.



Аке сте голем љубител на месо и не можете да го замислите оброкот без него, пробајте барем еднаш неделно да не јадете месо. Избегнувајте месо еднаш или два пати неделно и ќе видите дека тоа ќе се одрази и на месечниот износ кој го трошите на намирници.

7. Купувајте намирници на помалку познати производители

За да знаете каков е вкусот на нешто, морате тоа да го пробате. Слободно пробајте поефтини производи, од помалку познат производител.



Тоа што е поевтино, не значи дека нема добар квалитет.

Во повеќето продавници, производите кои се истакнати на врвот на полиците се од попознати производители, додека тие од помалку познати производители се наоѓаат на долните полици.

Немојте да сте скептични и мрзливи, пробајте, можеби тој производ ќе ви биде повкусен од оној од познат производител.

8. Направете сезонска резерва

Некогаш е поважно кога сте купиле, отколку каде сте купиле. Кога купувате сезонски, тоа е добар начин да направите резерва.



Купените производи ставете ги во замрзнувач и така ќе ја задржите свежината на намирниците кои сте ги купиле.

Секој месец, маркетите нудат попусти на одредени производи. Така можете да купите повеќе за помалку пари и да ги користите подолго.

9. Пробајте ги производите кои се изложени и отворени

Тоа се однесува на овошјето и зеленчукот. Со оглед на тоа дека во прехранбените продавници, овошјето и зеленчукот стојат надвор, пробајте ги за да бидете сигурни дека се свежи и добри.



Не се срамете да го пробате грозјето или јагодите затоа што иако изгледаат свежо, не значи дека ќе ви бидат вкусни.

10. Направете дома

Колку повеќе производи можете да направите дома, тоа ќе се одрази на вашиот буџет. Вашата креативност одредува и тоа колку јадења можете да направите од остатокот на намирниците кои ги имате дома.

Исто така, ако знаете да направите леб, нема да мора да купувате секој ден. Домашниот леб сигурно ќе трае повеќе од купениот во продавница.



Дома освен леб можете да направите и тортиљи, со кои ќе поминете многу поевтино од тие купени во маркет.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби