Оксфордскиот речник за збор на годината го одбра Емоџи, соопшти, Оксфордската публикација за оваа година.
Минатогодишниот збор на годината според Оксфордскиот речник беше зборот vape, а сега одговорните во уредувањето на речникот го одбраа emoji.
Според Каспер Гратвол, претседателот на Оксфордскиот речник, не е невобичаено и чудно што графичка скрипта како емоџито ги пополнува празнините на современиот пишан збор. Емoџито е флексибилно, директно и го дополнува тонот на реченицата, на визуелно ниво во 21-от век.
Емоџи зборот во изборот на збор на годината ги победило зборовите како Dark Web или on fleek.