Војните ќе завршат кога ќе сфатиме дека расплаканите мажи се убави и благородни

Цели 75 години ги дели двајцата мажи кои плачат на овие фотографии:



На првата фотографија, направена во 1940 година, Жероме Барзети, граѓанин на Марсеј, со солзи во очите ги испраќа последните француски единици кон Африка, немоќни пред германската инвазија.

На втората фотографија, која ја направил фотографот Лоик Венансе, има некој непознат маж. Тој стои пред кафе-барот „La Belle Equipe“ неколку часа по терористичките напади во Париз.

И двајцата се елегантни, облечени во духот со времето, а околу нив стојат луѓе кои ги контролираат емоциите.

Пред 75 години, две жени стоеле зад Жероме, едната ужасната, другата рамнодушна, а зад неа стоел маж кој се смешкал. Тоа е честа реакција во овие ситуација: Насмевката друштвено е поприфатлива од машките солзи.

Денес, до непознатиот маж стои ќелав маж во кожна јакна, кој исто така гледа во местото на ужасот. Во неговата замаглена позадина стои момче кое фотографира со својот мобилен телефон. На двете фотографии постои силен контраст помеѓу расплаканите и околината.

Машките солзи се инцидент, нешто што и денес во феминистичкиот свет, се неспоредливи со женските солзи. Жените плачат и кога не е страшно. Женските солзи, како и детските, може да бидат убави. И најчесто се убави, барем таква е социјалната интерпретација. Поимот на убавината секогаш е ствар на интерпретација и социјален договор. А нашата заедница и цивилизација одамна се договорија дека машките солзи се грди! Машкото плачење е знак на пораз или конечна трагедија, непоправлива несреќа, крај на светот...

Оваа интерпретација на машкото плачење во основа е цивилизација која ги плаќа своите неразбирања со војна. Таму каде што се војува, мажите не плачат. Ако заплачат, мажот се дисквалификува од улогата на војник. Или пак љубовник. Денес, некој ќе каже дека г-ин Барзети плачел поради пораз, а непознатиот маж плаче поради голема несреќа. Всушност и во двата случаи, се работи за пораз.

Пред фотографиите за Париз и би требало да плачеме, а не да стоиме гневно. Преку гест на гнев започнува слепото мразење. Веќе нема да има војни ако се воспостави естетки договор за тоа какво е грдото, недостојно, немажествено лице на еден гневен маж и кога ќе се знае дека расплаканиот маж е убав и благороден.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби