РАЗБИЈТЕ ЈА БЕЛИНАТА СО ШАРЕНИЛО

Идеи за декорација на здодевните ѕидови

Најверојатно немате време или пари за да ги украсувате ѕидовите со некое уметничко дело или цела колекција, но тоа не треба да значи дека тие ќе останат досадни. Во денешно време може да се направи интересен и најдосадниот ѕид, благодарение на шаренилото со кое располагаме. Сигурно низ дома ни се наоѓаат разни дреболии кои може да ги искористиме и кои ќе ни внесат свежина во домот.

Погледнете ги овие идеи, кои ви ги нудиме, па можеби од утре вашата соба ќе добие сосема поразличен изглед:



Вашиот татко или дедо најверојатно носеле или се уште носат шамивчиња со нив. Порано биле многу популарни, па верувајте дека ако побарате ќе најдете мошне интересни шари и дезени. Одберете ги оние кои сметате дека најмногу ќе прилегаат онаму каде што сакате да го украсите ѕидот и слободно закачете ги. Но, прво исперете ги и убаво испеглајте ги.



Сите име по една, две, па и повеќе чинии кои ни останале од некои сервиси. Ако не ги користете, зошто да фаќаат прашина во креденецот? Распоредете ги и закачете ги на ѕидот. Веќе е поразлично нели?



Овој ѕид бара многу боички! Но, вака кога гледате навистина ви изгледа убаво нели? Купувајте разни нијанси на бои и по некое време направете нешто слично. Шаренилото ќе ја разбие белината на ѕидот.



Најдете стара карта, може од светот, од нашата земја или од која и да е земја. Закачете ја на ѕидот и зборувајте за тоа каде сакате да одите.

Закачете неколку инструменти на ѕид и гледајте како вашите гости уживаат во нив. Внимание: Ќе имате свирки до доцна навечер, но затоа пак постојано ќе бидете исполнети со вашите омилени свирачи, а некој пак ќе си го открие талентот кој до сега го криел.



Ова е совршена идеа за во канцеларија. Ако се занимавате со издаваштво, испечатете вести, насловни на вашиот весник или пак насловните на омиленото списание. Урамете ги и закачете ги на ѕидот.

Ако немате ништо при рака и ако сите постари работи сте ги исфрлиле, слободно креирајте слики и закачете ги на ѕидот. Точки, линии, цветови, се што ви паѓа на памет е добредојдено. Само внимавајте боите да бидат во склад со останатите бои во домот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби