Скот Кембел е уметник специјализиран во тетовирање. Голем дел од славните личности (како Марк Џејкобс на пример) се негови клиенти, но тој овој месец направи необичен проект.
Мекбел го прикажа Whole Glory проектот во галеријата Milk во Њујорк. Дел од посетителите во галеријата по пат на лотарија добија можност да се истетовираат, но самиот Кембел да им ја одбере тетоважата.
Тие дури не го видоа процесот на тетовирање, бидејќи делот од телото (на пример раката) го протнаа низ дупка, а од другата страна на ѕидот беше Кембел со неговата машина за тетовирање.
Среќните посетители во галеријата имаа можност да ја видат бесплатната тетоважа дури по самиот процес на тетовирање, а како изгледаше тој?