Совети преку кои ќе ги избркате молците од вашите плакари

Го извадивте вашиот омилен волнен џемпер од плакарот, а со него излетаа и молци! Тоа е првиот знак дека во плакарот се кријат мали гладни суштества, кои се виновни за дупките на нашата облека. Во прилог ви прикажуваме неколку совети преку кои ќе можете да го спречете нивното размножување:



Молците сакаат нечисти ткаенини, па затоа пред да ја кренете гардеробата исперете ја или однесете ја на хемиско чистење. Често ни се случува на пример некое сако кое сме го носеле два-три пати да ни изгледа чисто, а всушност мора да се освежи, бидејќи нечистотијата, прашината и потта ги привлекуваат молците.

Редовно и темелно чистете го просторот околу плакарот и самиот плакар. Молците ги обожаваат дупките, сакаат да се пикаат под мебелот, а особено ги сакаат теписите и завесите. Ако за време на чистењето забележите молци во просторот, по чистењето веднаш исфрлете ги крпите, но и кесето од правосмукалката.



Облеката од волна, свила, крзно и онаа направена од други животински влакна чувајте ја во посебни вреќи кои не пропуштаат воздух. Евентуалните отвори на вреќите затворете ги со леплива лента.

Екстремните промени на температури може да ги уништат молците. Алиштата нападнати од молци, ставете ги во пластични вреќи и нека постојат два дена во ладилник, а потоа поветрејте ги и оставете ги во потопла просторија. Исперете ги и на тој начин ќе се ослободите од молците.

Во плакарот ставете природни хемикалии кои ќе ги избркаат овие ситни суштества. Кедарот има силен мирис, а една од најпопуларните билки за борба против молците е и лавандата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби