ДОМА СТЕ НЕСРЕЌНИ?

7 причини зошто дома чувствувате негативна енергија

Дали во последно време се чувствувате несреќно, нерасположено и едноставно во сопствениот дом не можете да ја најдете потребната позитивна енергија? На сите ни е потребно дома да се чувствуваме опуштено и без грижи, а многу е лошо ако истото го немаме. Постојат одредени работи кои може да влијаат врз вашата среќа во домот, а вие потрудете се да ги сменете истите и почувствувајте се среќно и исполнето:

Немате цвеќе во саксија



Светлите зелени листови буквално внесуваат живот во вашиот дом. Истражувањата покажуваат дека домашните растенија го прочистуваат воздухот во собата каде што се наоѓаат, кој може да биде за пет пати позагаден од надворешниот воздух. Освен тоа, набљудувајќи некое цвеќе може да ви го намали нивото на стрес.

Единствениот извор на светлина ви се ламбите



Ако имате само светла во домот, не можете да сфатите дека живеете во мрак. Сијалиците не ја овозможуваат доволната светлина која ја има надвор. Ако не сте во можност да отворите прозорци, тогаш набавете повеќе столни ламби кои ќе ви го осветлат просторот. Светлината зрачи среќа!

Фокусот во вашата спална соба е врз ТВ



Зјапањето во флуоресцентниот екран на ТВ пред да заспиете може да биде причина поради која не можете така лесно да  заспиете. Плус, една студија откри дека двојките кои имаат ТВ во својата спална соба имаат многу помалку секс од двојките кои немаат ТВ.

Вашиот ходник е зона каде што има сè



Полица со закачалки и полици за чевли во ходникот, звучи паметно, но фенг-шуи експертите советуваат дека вашиот ходник треба да биде што е можно почист. Треба да се отвори вратата без да удрите нешто, а и тоа е првата глетка кога влегувате дома.

Трпезаријата ја обоивте во светло сина нијанса



Одредени нијанси на сино може да се помалку депримирачки. Одредени истражувања покажуваат дека оваа боја го потиснува апетитот. Ова можеби ви звучи одлично доколку сте на диета, но нема да се чувствувате многу добро.

Завесите ви се закачени многу ниско



Закачете ги завесите од таванот, а не од рамката на прозорците. На овој начин, собата ќе изгледа повисоко наместо стеснато, а нема ни да ја намалува природната светлина.

Секој предмет кој го поседувате е во некоја јака боја



Кога избирате перници, покривки и ѕидни тапети не мора да бидат во јаки и силни бои. Обидете се да измешате различни дизајни и бои и дадете и текстура на собата. Советувајте се со некој дизајнер за ентериер или едноставно пребарајте идеи на интернет.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби