Мора да се признае дека Super Bowl е најголемиот спортски настан во светот. Синоќешниот натпревар беше проследен од 190 милиони гледачи и заработени се милијарди и милијарди американски долари за една ноќ. Цените на билетите достигнуваа и до вртоглави 20.000$.
Посебна приказна се телевизиски реклами. Информациите кои доаѓаат од САД велат дека реклама која трае 30 секунди чини пет милиони долари, а не сите успеваат да добијат медиумски простор и да се појави пред очите на речиси 200 милиони гледачи.
Во продолжение следат неколку реклами кои во годините наназад привлекле најголемо внимание. Некои, пак се одбиени од организаторите, со образложение дека се премногу „жешки“.