Турист тврди дека снимил Јети во Шпанија

Во одморалиштето „Формигал“ на Пиринеи е предизвикана вистинска паника, откако се прошири информацијата дека во околината наводно е видено бело крзнено суштество кое наликува на познатиот Јети, објави британскиот весник „Телеграф“.



Еден од туристите тврди дека успеал да сними необично суштество во околината на одморалиштето во североисточна Шпанија, а останатите скијачи и сноубордери сега се прашуваат дали снимката е доказ дека навистина постојат суштества од типот на Јети.

На форумите на кои е објавено видеото се разви жестока дискусија и се изнесени различни теории за она што се гледа на снимката.

Некои мислат дека станува збор за мечка, додека други тврдат дека е можно да се гледа војник за време на вежба во снежни услови.

Секако, изнесена е и теорија дека некој едноставно се облекол во бел крзнен костим за да предизвика паника.

Сопствениците на одморалиштето ја пребарале околината и не пронашле непознато суштество.

- Веројатно нема причина за паника, но ќе продолжиме да го надгледуваме регионот, изјави портпаролот.

Скијачите кои го снимиле видеото тврдат дека виделе необично суштество.

- Мечка или Јети? Кажавме што видовме, но не нè сфатија сериозно. Се обложувам дека нешто се движи во тој регион. Знам што видов, изјави скијач, која сакал да остане анонимен.:



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби