Како изгледа еден од најсуровите комунистички затвори?

Затворот Ramnicu Sarat или „пеколот на тишината“ како што го нарекуваат оние кои добро го познаваат, бил еден од најсуровите затвори, каде што вработените биле дел од комунистичката партија во Романија. Во нив, меѓу главните бил Александру Висинеску, кој оваа година го осудија на 20 години затвор поради „злочин против човештвото“.  Како што тврдат доказите, тој крвнички ги тепал политичките затвореници и одобрувал да постави тежок режим само за нивно истребување.



Висинеску, кој моментално е во 90-те години, никогаш не изразил жалење или пак не побарал прошка од семејствата на жртвите, туку само тврдел дека слушал наредби на надредените и ги почитувал важечките закони. Додека тој бил во служба, односно од 1956 до 1963 година, најмалку 14 политички затвореници умреле, а низ негови раце поминале вкупно 138 затвореници.

Покрај суровите услови, во тој период, политичките затвореници и интелектуалци биле брутално мачени и неретко убивани. Биле сместени во ладни ќелии без греење, кога ги прекршувале правилата ги пренесувале во самици во кои биле изгладнувани, не добивале медицинска помош и секојдневно биле тепани. Работниците во затворот имале иста задача, која на писмено ја добивале од директорот на затворот, која гласела: Сите предавници, заговорници, саботери, непријатели на пролетаријатот треба да бидат принудени да мочаат крв.



Затворениците не смееле да ја напуштат ќелијата, освен ако не добијат наредба. Покрај вработените и на чуварите им било укажано да не покажуваат никакви знаци на хуманост и да не му ги олеснуваат условите на затворениците. Денот им почнувал во пет часот наутро, а им завршувал во 22 часот. Во тој период не смееле да лежат во кревет, туку морале да стојат или да седат на столче, свртени кон вратите, со цел чуварите да ги контролираат. Исто така, не смееле да им се приближуваат на прозорците, а не ни смееле да испуштаат какви било звуци.

Кога ги посетувал лекар, што било многу ретко, само пред појавување во судница, затворениците морале да бидат свртени со грб кон лекарот, а можеле да се свртат кон него само ако тој им се обрати. Никогаш никој од чуварите или лекарите не влегувале сами во ќелијата, туку секогаш биле придружувани со некој надреден.



На креветот во самицата немало душек, па затворениците спиеле само на ладното железо од кое бил направен креветот. Оние кои сериозно ги нарушувале правилата, лично ги тепал Висинеску. Според сведочењата на затворениците, тој еднаш тепал неподвижен затвореник и го поливал со ладна вода.

За прошетка можеле да сонуваат долго, бидејќи истата им била дозволена само 20 минути и тоа еднаш неделно. Во тие 20 минути, морале да шетат со подигната глава и раце заврзани за грб и да не ги гледаат другите затвореници.

Друг затвореник пак изјавил дека често се буделе со снег, затоа што креветите биле поставени близу прозорците, а на истите немале стакло.

За храна, главно добивале супа, зелка, компири и понекогаш грав. Оброците немале повеќе од 600 калории дневно, што се сведувало на истребување од глад.

Овде можете виртуелно да го посетите ова морничаво место.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби