Како се станува пополнувач на место на холивудска ѕвезда?

Оскари, Златни глобуси, Бафта награди... Што сè би направиле за да и се доближите на холивудската елита? Доколку сте едни од оние луѓе кои живеат за 5 минути инстант слава, тогаш хобито на пополнувачот на место е како создадено за вас.

За што всушност станува збор?

Продуцентите на големите шоубизнис настани не сакаат празни места во публиката бидејќи не изгледаат убаво пред камера, особено кога се во првите редови.

Затоа кога некоја ѕвезда треба да презентира награда, да одржи говор или пак едноставно да оди до тоалетот, на нејзиното место седнува пополнувач на место, додека не се врати.

Оние кои сакаат да се пријават да бидат пополнувачи на места треба да бидат облечени по соодветен дрес код, да не привлекуваат внимание на себе и во никој случај да не им се обраќаат на ѕвездите. Пополнувачот на место не добива парична компензација за својата работа, но затоа лесно може да стане славен така што ќе е виден покрај познатите или случајно бил фатен од некоја камера.

Недостатокот е во тоа што чекањето за седнување може да потрае подолго, а во некои случаи и воопшто да не бидете повикани да седнете. Сами мора да го платите превозот и гардеробата што ќе ја носите на настанот и морате да имате наполнето 18 години.

Искуствата на луѓето кои биле пополнувачи на места се најразлични. Некои велат дека се чувствувале неверојатно, а други понижено.

Оние кои сакаат да си ја пробаат среќата можат да аплицираат на сајтот на Seatfillers, каде што се менаџираат пополнувачи на места за 40 најразлични настани. Доколку сакате да бидете дел од Оскарите тогаш изборот се врши од луѓе вработени во Академијата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби