Гејшите чувари на традицијата во земјата на изгрејсонцето

Духот на јапонската култура секоја пролет се доловува на улицата „Максим Горки“ во центарот на Скопје кога ќе почнат да цветат јапонските цреши со впечатливи нежни розови цветови кои восхитуваат. Нивното цутење го означува будењето на пролетта која во „земјата на изгрејсонцето“, што е изворното име на Јапонија, се дочекува на традиционалниот празник Сакура или ден кога цвета црешовото дрво.



Нивното расцветување има посебно место во јапонската култура. Потсетува на минливоста на животот, го симболизира почеток на еден нов живот и животен циклус, симбол е на убавината и на естетиката. Деновите на нивното цутење се сметаат за пресвртен момент во животот на Јапонците и затоа тогаш масовно се посетуваат парковите, градините, храмовите, тогаш се утврдува датум за брак, се започнува бизнис или се презема друг крупен животен чекор.

Јапонските цреши се само еден мал дел од богатата културна и разновидна оригинална традиција на Јапонија чиј составен дел се и специфичниот танц и пеење, церемониите при служење чај, кимоното, уметноста во правењето икебани, оригами... Култура, историја, музика, уметност, мода и традиција која има свои почитувачи и следбеници и во Македонија, преку движењето Јапанорама, настан од друштвен карактер што со свои активности секоја година потсетува и ја доближува „земјата на изгрејсонцето“ до младите во Македонија.

Гејшата како национален симбол

Дел од овој богат сплет на јапонската традиција е и гејшата. Во минатото таа беше препознатливиот белег на Јапонија и претставуваше своевиден национален симбол. Налетот на западната култура ги менува традициите и во Јапонија, но сепак нејзиното денешно место и натаму останува, таа е браникот и чуварот на традиционализмот.

Самиот збор гејша е асоцијација за јапонските пријателки на ноќта. Но, гејшите не се ниту проститутки, ниту куртизани . Зборот гејша на јапонски има значење на уметник, односно „gei“ значи уметност и „cha“ значи личност. Гејшите се професионални хостеси кои ги забавуваат гостите преку разни видови на уметност во куќите каде што се пие чај наречен „O-chaya“ и во Јапонија тие се популарни личности.



Во минатото гејши станувале девојчиња чии сиромашни родители ги продавале на овие куќи, но денес изборот да се стане гејша е по сопствена волја. Некои девојчиња за гејши се подготвуваат дури од својата трета година на животот. Домот „O-chaya“ ќе инвестира многу пари да ги образува овие девојки и да ги облече во кимона, а девојките ги подучува окамисан, „мајката“. Во овие куќи постои хиерархија во раководењето, при што со куќата раководи „мајката“ која најчесто е најстарата гејша. А, постарите гејши кои што се нарекуваат сестри имаат задача да им помагаат на новите. Гејшата секаде оди во придружба со пријателка.

Девојките на почеток се само обични помошнички во куќата, но кога ќе достигнат одредено ниво во подучувањето, тие стануваат маико. Имаат обично од 15 до 20 години. Маико се почетнички и ја придружуваат гејшата на нејзините состаноци за да учат и да бидат упатени во работата. Обично на возраст од 20 години маико одлучува дали ќе стане гејша или не. Доколку се омажи, таа мора да се откаже од професијата гејша, но во случај да се разведе, жената повторно може да работи како гејша.



Гејшите мора да се убави, талентирани и многу шармантни. Тие изучуваат традиционални вештини како што е јапонски танц, пеење, свирење на традиционални јапонски инструменти, церемонии кои што се прават при пиењето чај, учат убаво да пишуваат, учат како да разговараат со гостите, стекнуваат манири при служење саке и друг алхохол, се обучуваат да аранжираат цвеќе, односно правење на икебани и многу повеќе од тоа.

Гејшите го изучуваат и го усовршуваат овој начин на однесување во текот на целата нивна кариера како гејши, при што наутро посетуваат часови, попладне се подготвуваат, а навечер работат.

Олицетворение на убавина и среќа

Гејшите се секогаш многу нашминкани, а нивната шминка се состои од три бои: црвена, бела – со која се премачкува целото лице и вратот и црна. Кај постарите гејши црвената боја е помалку застапена. Всушност, употребата на црвената боја во шминката и во облеката е многу значајна во јапонската култура. Црвената боја е симбол за убавина и среќа. Гејшите со црвен кармин ги мачкаат усните при што се настојува тие да изгледаат потенки, бидејќи се верува дека такви се попривлечни, а бледо руменило ставаат на образите.

Во денешно време, особено постарите гејши носат перики, бидејќи за карактеристичните фризури на гејшите потребна е долга коса која често се натопува со многу масло, па понекогаш е потребно една фризура да издржи и по цела недела, додека фризурите на маико се прават од нивните коси, а не од перика. Изработката на периката е многу скапа, па така цената на една перика може да достигне 4 илјади евра, а секоја гејша треба да има барем три перики.

Составен дел од имиџот на гејшите е и ладалото кое тие секаде го носат со себе и го користат при танцувањето, а кое инаку има важно место во јапонската култура. Традиционална облека им е кимоното. Бојата и стилот на кимоното зависи од сезоната, а постои разлика меѓу кимоната на гејшите и кимоната на маико. И во двата случаи кимоното се состои од три дела. Изработката на кимоната е многу скапа, а за него се употребува платно долго 13 метри. Едно рачно изработено кимоно кое воедно и рачно се бојосува може да достигне цена од 10.000 до 20.000 евра.

Инаку, постојат два типа на гејши, оние кои го изведуваат традиционалниот јапонски танц, и гејши кои на средбите пеат. Инаку куќите во кои што живеат гејшите сместени се во мали населби во посебни делови од градот далеку од очите на обичните луѓе.

Добро платена професија

Вложувањето многу пари во облеката и изгледот е соодветна на заработката. Гејшите се добро платени и неретко една забава со гејши може да чини и неколку илјади евра.

Но, за разлика од минатото, кога на пример во 1920 година во Јапонија имало околу 80.000 гејши, денеска како резултат на навлегувањето на западната култура во Јапонија, бројот на гејшите е многу намален. Денес најмногу ги има во Кјото и во Токио.



Работата на гејшите е ноќе и нивната работа е да ги забавуваат гостите во куќите во кои што се служи чај. Тие ги послужуваат гостите со пијалак, муабетат со нив и танцуваат пред нив. За време на овие состаноци се пие доста алкохол поради што гејшите мора да бидат издржливи и да го поднесуваат алкохолот. Во дел од ноќта се играат и разни игри. На некој начин кога посетителите доаѓаат на состаноци во друштво со гејши тие се чувствуваат како во некој имагинарен свет каде се дружат, уживаат во танцот на гејшите, разговараат со нив и им се доверуваат, поради што предуслов да се стане гејша е и да се биде доверлива личност. Односно да се чуваат тајните на посетителите.

Речиси секогаш друштвото на гејши го бараат познати личности, деловни луѓе и политичари. Но, она што треба да се потенцира е дека тие никогаш не пружат сексуални услуги. Иако било каде на друго место на светот, ваквото нешто со сигурност би се нарекло проституција, но институцијата на гејшите има толку длабоки корени во јапонската традиција што нивната култура не дозволува банализација на оваа професија.

Кети Мицковска



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби