Прочитајте ги политичарите кога лажат

Постои една стара анегдота: Како да препознаеш кога политичар лаже? Само гледај дали му се движи устата.

Меѓу обичниот свет во секој ќош на планетата врежено е мислењето дека секој политичар лаже. Поради тоа во оваа приказна се вклучиле и психолозите, кои предупредуваат на опасности на генерализацијата и ни овозможуваат да го „толкуваме“ говорот и гестикулациите на политичарите. Тоа и не е така тешко, доволно е само внимателно да слушате и гледате.



Научниците од Харвард откриле едноставен трик за откривање на лагите на политичарите. Преку експеримент утврдено е дека луѓето кои лажат, користат повеќе зборови и често за себе зборуваат во трето лице, со цел да го свртат вниманието кон себе. Ова не мора да е сигурен знак дека некој лаже, но ако ги забележите овие знаци бидете внимателни. Слични тврдења имаат и истражувачите од универзитетот во Висконсин, кои анализирале стотици изјави на политичари од бројни земји. Оние кои свесно изговараат лаги, користат долги реченици, како и подготвени говори и соопштенија.

Најуспешни се оние политичари кои се убедени дека она што го зборуваат е вистина, заклучиле научниците од италијанскиот универзитет во Пијемонт. Самоизмамата е, тврдат истражувачите од Апенин, многу почеста во политиката отколку што ни изгледа. Тоа се базира врз основа на ирационален мотив, бидејќи личноста верува во нешто само затоа што сака тоа да биде вистина, дури и кога има факти кои го демантираат тоа.



Исто така, поделбата на левичарска и десничарска партија веќе не е така прецизирана и јасна, па некогаш тешко е да се одреди кои карактеристики му припаѓаат на политичарите од една одредена партија. Можете тоа да го откриете ако ги слушате и евидентирате дали почесто користат именки или придавки, велат истражувачите од универзитетот во Кент. Научниците анализирале испитаници од три земји – САД, Полска и Либан и заклучиле дека конзервативците почесто користат именки, додека либералите сакаат да опишуваат работи и појави, па во нивниот речник има многу придавки. На пример, конзервативецот ќе каже дека некој е оптимист или идеалист, а либералите ќе почне да го опишува ведриот поглед на светот и идеалистичкиот начин на размислување. Научниците велат дека користењето на именки покажува желба за структура, извесност, јасност и дефинираност што се особини кои почесто се поврзуваат со конзервативците.

И, не заборавајте на невербалната комуникација, која дури е и поважна од зборовите. Бидејќи, кога мозокот ќе се умори од слушање, што е честа појава ако темите се сувопарни, се потпира на полесно совладливи сигнали, како што е говорот на телото. Се воспоставило дека гласачите автоматски повеќе му веруваат на личностите кои не ги кријат дланките, а политичарите кои многу се смеат не ги доживуваат како авторитет.

Исто така, премногу трепкање или избегнување на гледање на соговорникот во очи, укажува на лага, допирање на вратата покажува несигурност и страв, а допирање на носот сигнализира дека нешто се крие. Лошо е само искусните политичари сето тоа го знаат и можат многу добро да глумат, но ако ги набљудувате внимателно, ќе се издадат макар еднаш.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби