Имавте долг ден на работа и сè што сакате е некој да ве прегрне и да останете во таа положба подолго време. Но, сами сте и нема кој да го стори тоа.
Благодарение на кинескиот дизајнер Еун Кјонг Ли, тие осамени денови можете да ги заборавите, затоа што тој ја измисли „гушкабилната“ табуретка. Прилагодете си ја како сакате и постојано ќе бидете гушнати.
- Ќе ве гушка топло и нежно како вашата мајка, другарка или партнер, изјавува Еун.
Останува да се надеваме дека оваа удобна табуретка ќе може да се нарача по интернет и во Македонија.