Најлуди теории на заговор кои се покажале вистинити

Теориите на заговор од секогаш спаѓале во омилено хоби на сите оние кои дозволуваат сомнежот да го надмине разумот, но и ако не спаѓате во таа група, се работи за привлечна забава.

И добро е ако се остане во сфера на забавата, ако не се работи за симптом на психичка болест или ако основна лекција е дека секоја информација која ни се сервира треба да се проучи и согледа од повеќе различни страни.

Меѓутоа, не се сите теории на заговор тривијалност, како за лажното слетување на Месечината, вонземјани или рамна Земја. Многу теории на заговори се поврзани за „земскиот живот‟ и општествените движења, а кога на незадоволството, стравот, постојната ксенофобија, сомневањата и несклоноста кон размислување го додадете и фактот дека многу теории (посебно ако се зборува за „глобалните елити‟, а често се зборува) се само неколку чекори оддалечени од заклучокот „за сè се виновни Евреите‟, работата престанува да биде симпатична.

Психологијата покажува дека сите сме претерано сигурни во сопствената моќ на расудување, перцепцијата и помнењето и живееме во илузија дека светот го гледаме објективно и дека нашето верување е единствено разумно. Но, многу истражувања го покажуваат спротивното, бидејќи ни самите не сме свесни колку всушност сме пристрасни и колку некои наши предрасуди влијаат на начинот на кој го гледаме светот околу нас.

Исто така, секое сомневање во теориите на заговор во официјална приказна не е нешто лошо (на крајот на краиштата, некои од најпознатите научници како Дарвин и Галилеј, ја извртеле „официјалната верзија на вистината‟), а ни титулата „теоретичари на заговор‟ од секогаш не била на ваков лош глас.

На крајот, не е тајна дека од секогаш постоеле перфидни планови на одредени групи и дека далеку од очите на јавноста се случуваат многу работи што нема да ни се допаднат. Токму во овој текст се одлучивме да се позанимаваме со некои од најлудите, но вистинити приказни кои звучат како „мокар сон‟ на секој вистински теоретичар на заговори.

Зошто Северна Кореја киднапирала јапонски цивили?



Меѓу Јапонците со години се вртела приказната дека агенти од севернокорејската Влада во текот на ноќта киднапирале цивили и од непознати причини ги носеле во тајните бази. Имено, од 1977 ди 1983 година стотици Јапонци (главно 20-годишни младинци и деца) исчезнале од крајбрежните градови, а граѓаните се сомневале дека за тоа е виновна Северна Кореја.

Ова можеби не звучи лудо како теоријата за „луѓе гуштери‟, но во денешно време секој би ви рекол дека не можете само туку така да кажете „Тие киднапираат цивили‟, бидејќи ви недостасуваат докази, а немате ниту едно логично објаснување зошто го прават тоа.

Далеку од тоа дека теории не постоеле, а вклучувале се од тоа дека ги киднапираат и ги претвораат во шпиони (или им го крадат идентитетот, а на нивно место се поставувал корејски шпион), до тоа дека ги киднапираат за да научат по нешто за јазикот и културата и да послужат како инструктори на агентите.

Со години се веруваше дека се работи за обичен урбан мит настанат од тензичните политички односи, а и севернокорејските власти негираа каква било вмешаност во киднапирања.

Но, се откри дека не се работи за параноја и празни приказни.

Дури во 2002 година севернокорејскиот лидер Ким Џонг-Ил јавно призна дека Северна Кореја киднапирала 13 граѓани, а бројот со време пораснал на 17, иако многумина сметаат дека се работи за неколку стотини граѓани.



Пет лица се вратени, но постојат уште многу дупки во официјалното објаснување. Тоа воедно е и еден од централните проблеми во односите меѓу двете земји. Северна Кореја во 2014 година се согласи повторно да ја отвори истрагата, но до денес не е направено ништо, па Јапонија беше принудена да ги продолжи санкциите на уште две години, до март 2017 година.

Интересен деловен однос на нацистичка Германија и САД

Теориите на заговор и нацистите одат рака под рака и се совршен спој. Сценаријата се пишуваат сами од себе, а дури и најлудите идеи прекрасно функционираат („Iron Sky‟). Во исто време се работи за расадник на будалести теории кои многумина и ден денес ги земаат здраво за готово.

Но, во исто време постојат и факти кои на прв поглед делуваат како плод на фантазија, но тие се далеку од тоа.

И додека јавноста уште во доцните 30-ти години на минатиот век била свесна за заканата од нацистичка Германија (документарниот филм на Џек Глен „Inside Nazi Germany‟), постоеле луѓе како американскиот сенатор Прескот Буш (татко и дедо на поранешните американски претседатели), кој профитирал од соработката со истите тие луѓе кои му помогнале на Хитлер да дојде на власт, а соработката ја продолжил и по влезот на САД во Втората светска војна.

Иако постојат и поумерени верзии, според кои, Буш не бил симпатизер на нацистичката идеологија, туку класичен воен профитер, вреди да се наведе и дека истиот тој Прескот Буш бил осомничен дека во 1933 година со уште неколку богати индустријалци и банкари наумил од власт со пуч да го смени штотуку избраниот претседател Френклин Д. Рузвелт и на негово место да го постави генерал-мајор Смедли Батлер, кој би вовел фашистичка диктатура (т.н. „Business Plot‟). Смедли сето тоа го разоткрил, а вмешаните по ред ги негирале обвиненијата на Батлер.



Но, не профитирале само неморалните богаташи. Во 50-те години САД во рамки на „Операцијата спојка‟ одлучила да најде работа за 1.500 германски научници и инженери, кои по Втората светска војна се преселиле во САД.

Тогашниот претседател Хари Труман јавно дал до знаење дека нема место за поранешните нацисти и нивните соработници, но тоа не било целосно точно. Др. Хубертус Страгхолд, еден од „новите пријатели‟ на САД, бил обвинет дека во текот на Војната вршел експерименти над затвореници во концентрационите логори и над епилептични деца, а др. Курт Блум бил директор на нацистичка програма за биолошко оружје.

Блум со истата дејност продолжил да се бави и во САД. Подоцна работел и како доктор во западна Германија, бил политички активен како член на десничарска партија, а починал во Дортмунд во 1969 година.

Повеќе за операцијата можете да прочитате во бестселерот на Ени Јакобсен „Operation Paperclip: The Secret Intelligence Program That Brought Nazi Scientists to America‟, која Boston Globe i Apple iBooks ја прогласиле за една од најдобрите книги во 2014 година.

Како луѓето да ги натерате во војна?

Секоја приказна чија цел е да се поттикнат луѓето безглаво да се впуштат во војна, треба да поттикне скепса, но понекогаш премногу лесно попуштаме под притисок на медиумите кои донесуваат погрешни приказни, кои и во најголемите циници будат револт.

Властите во САД, кои во секој момент на еден или на друг начин се вклучени во барем неколку војни, понекогаш мора да ги поттикнат масите да почнат вистински да мразат земја за која до неодамна не ни слушнале и да поддржат вклучување во уште еден вооружен судир кој го покренува воената индустрија.

Еден од таквите судири беше Заливската војна, кога ирачката војска која ја водеше Садам Хусеин, го нападна и окупира Кувајт што ги поттикна САД да се вклучат во приказната, се поради нафтата.

Главно, многу Американци. Кувајт не знаат да го најдат на картата, а и главниот негативец во медиумите дотогаш сепак не беше Ирак, туку Иран, па со самото тоа ни ставот на јавноста не беше дека интервенцијата на САД е неизбежна.

Сето тоа наеднаш го промени сведоштвото на млада жена од Кувајт, а Садам накусо стана најголем светски злосторник.



Во октомври во 1990 година девојка по име Наџира сведочеше пред Конгресот за се полошата состојба во Кувајт. Честите кражби и безумното насилство не ја погодија толку јавноста, како посебно бруталниот детаљ од ирачката војска со упадот во породилна болница, каде ваделе деца од инкубатори и ги оставале да умрат на студениот под во болницата.

Претседателот Буш го повтори нејзиниот исказ најмалку 10 пати во своите говори, а истото го правеа и сите поборници на американска воена интервенција.

Единствен проблем? Приказната е толку матна и Наџира не била „само 15-годишна невина Кувајќанка‟.

Во март 1991 година репортерот на Еј-Би-Cи, Џон Мартин во својот извештај истакна дека пациентите, меѓу кои и прерано родените деца, навистина умирале, но дека проблем не биле ирачките војници, туку фактот дека многу кувајтски доктори и медицински сестри поради воените настани побегнале од земјата. Дури, истакнал и дека е многу сигурен и оти ирачката војска не ги уништувала инкубаторите и не ги оставале децата да умрат, потврдувајќи ги така официјалните изјави на ирачките власти.

Во јануари 1992 година Џон МекАртур за „Њујорк Тајмс“ открива дека Нацира всушност е ќерка на кувајтскиот амбасадор во САД, Сауд Насир ал-Сабах, а во сето тоа прсти замешала и Пи-Ар компанијата „Hill & Knowlton“ чии вработени, според пишувањето на медиумите, собрале сведоци, ги составиле нивните изјави и им давале инструкции како да бидат што поубедливи.

Во сето тоа е замешан и покојниот конгресмен Том Лантос, кој се бранел тврдејќи дека немал причина да се сомнева во нејзиниот исказ, дека Мекартур ги искривува фактите и дека тоа што девојката го изјавила се поклопувало со изјавите на останатите сведоци. Други пак истакнувале дека односот на Лантос и Пи-Ар компанијата е далеку покомплексен и дека конгресменот примал нивни донации.

Главно, кога се откри измамата, инвазијата беше завршена и малкумина прашуваа за мотивите зад успешната операција.

„Operation Embarrass“: Британците лажирале терористички напад

Дека Американците не се осамени во измами покажува и случај на Британците кои лажирале терористички напади.

Ова ќе ги воодушеви теоретичарите кои наоѓаат „дупки‟ во секоја приказна која ќе ја прочитаат во меинстрим медиумите, но интересното не и во тоа што се наидува на блог на човек кој пишува под псевдоним и се повикува на докази кои не може да ги докаже.



Иако секој терористички напад би можеле да го нарекуваат „перфиден владин план со цел остварување на некои цели‟, без докази, се работи само за обични шпекулации. Но, тоа не значи дека такви обиди нема или дека немало.

Во својата книга „The Secret History od MI6‟ авторот Кејт Џефри открива план на британската тајна служба, во периодот од 1946 до 1948 година да спречат влез на еврејски бегалци во Палестина, а омилени методи му биле пропагандата, ширење на дезинформации и поставување на експлозиви на бегалските бродови.

И не се работи за теорија на еден човек или само шпекулации. Се работи за книга која ја „аминувала‟ и тајната служба.

Важно е да се потенцира дека историјата на Израел е неодвоива од Велика Британија, чиј министер за надворешни работи Џејмс Балфор уште во 1917 година на Евреите ветил татковина на Блискиот Исток, а да се основа таква држава на локација каде се опкружени со муслимани и Арапи, можеби и не е најдобар рецепт за мир на Блискиот Исток.

Токму тоа и било поттик да спречат масовно доселување на еврејските бегалци во Палестина.

Планот бил едноставен. Откако ќе дигнат брод во воздух, за се ќе обвинат измислената палестинска терористичка организација, која би ја презела одговорноста за нападите. МИ6 во 1947 и 1948 година саботирал дури пет празни бегалски бродови кои требале да пловат за Италија, а нападите требале да ги обесхрабрат бегалците.

Велика Британија се плашела дека масовното доселување би можело да предизвика немири и војна во регионот, а масовни апсења на несреќните луѓе кои едвај го преживеале холокаустот не доаѓале предвид.

Лажирањето на терористичките напади им делувало како најдобро решение.

Контрола на умот

Еден од најголемите стравови на параноиците е дека вашата Влада ве контролира. Стравот кај Американците се оствари благодарение на Едвард Сноуден, кој со шокантното откритие накусо ја вознемири не само американската, туку и светската јавност. Откако вистината излезе на виделина, луѓето беа вознемирени, но се помирија со фактот дека и така сите имаат увид во нивното секојдневие и мирно продолжија да ги водат животите на социјалните мрежи.



Следниот страв е страв од Влада која ги контролира вашите мисли, а што се однесува до теориите на заговори таа е при самиот врв и евентуално може да и парира на теоријата за „луѓето рептили‟, за пет лица кои владеат со светот или за „Месечината која всушност е вселенски брод од каде не надгледуваат Тие‟.

Но, ако веќе не сте го гледале филмот „The Men Who Stare at Goats‟, веројатно не ви е познато дека ЦИА уште во 50-те се обидувала на сите можни начини да влијае на мислите претворајќи ги луѓето во експериментални зајаци.

Теоретичарите уште тогаш се обидувале да ја убедат јавноста дека ЦИА подготвува нешто гадно, но никој не им верувал. Тврделе дека агентите на ЦИА не само што се подготвени туку тие се и способни да спроведат масовна контрола на умот. Всушност, биле само половина во право. ЦИА навистина имала „најдобри намери‟ да ги контролира мислите, но не им успеало тоа да го остварат.

Деталите за злогласниот проект „MKUltra“ се појавија во 1975 година и иако многу документи се уништени, размерите на нивната лудост излегле на видело.

Истражувањето се спроведувало на различни места, од болници, затвори, па се до универзитети, каде агентите на невини жртви без нивно знаење им давале ЛСД. Се верува дека во овие експерименти животот го загубиле најмалку двајца, а еден од нив е 43-годишниот биохемичар Франк Олсон, кој под влијание на дрога скокнал од прозорецот во тек на тешка психотична епизода. Некои тврдат дека случајно паднал, а членовите на неговото семејство веруваат дека тој е убиен.

Некои од целите на програмите кои испливале со објава на документи (наспроти искрените настојувања на директорот на ЦИА Ричард Хелмс, да ги уништи) се: истражување на супстанции кои предизвикуваат нелогично размислување и импулсивност со што би се дискредитирале политичките противници во јавноста, супстанции кои ја зголемуваат перцепцијата, материјали кои би го успориле или забрзале стареењето на жртвата, материјали кои би предизвикале реверзибилни симптоми со цел за лажирање на болести, супстанции кои ја зголемуваат отпорноста кон перењето на мозокот и мачење во текот на испитувањата, материјали кои го менуваат карактерот на начин лицето да го направат зависно од друго лице, откривање на серум на вистината или средства со кои се потиснува амбицијата и се намалува ефективноста на работа (трагите не смеат да се појават во крвните наоди).

Некои луѓе во тие експерименти сами се пријавиле, а меѓу нив е и авторот на „Летот над кукавичјето гнездо‟ Кен Кејси, американскиот коавтор и поет Роберт Хантер, бостонскиот мафијаш Џејмс „Вајти‟ Балгер, кој се согласил на тестирање за време на отслужување на затворската казна, но и серискиот убиец Тед Кацински, кој уште како 17-годишно момче учествувал во застрашувачки експеримент на психологот Хенри Мареј, во кој испитаниците биле изложени на екстремен стрес, а многумина сметаат дека токму тој експеримент го предизвикал неговото подоцнежно однесување.

Очекувано, на теоретичарите на заговори ова им е неисцрпен извор на инспирација, а многумина и денес тврдат дека ЦИА никогаш не ја напуштила оваа програма и дека приказната која ја сервираат на власта е само „проѕирен параван‟.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби