ПРИРОДНИ КАТАСТРОФИ ИЛИ ПОЛИТИЧКИ ПРИЧИНИ

Држави кои за 100 години можно е да не постојат

Многу е возможно поради природни катастрофи и политички причини да не постојат Канада, Велика Британија, Холандија, Тајван, Судан, Палестина, Северна Кореја.

Во Канада, загубата на Квебек би можела да доведе до распад на преостанатиот дел на земјата поради притисок на регионални разлики и сепаратистички движења. Имено во Квебек живее четвртина од канадската популација, во главно од француска националност.



Во Велика Британија може да постојат политички проблеми. Честите повици на референдум би можеле да бидат причина што Велика Британија до 2115 година нема да постои.

На Холандија и се заканува глобалното затоплување. Нејзините големи градови во иднина може да бидат потопени. Имено, оваа земја во поголемиот дел се наоѓа под нивото на морето. На Холандија не и се заканува само раст на нивото на водата, туку е вистински проблем што некои насипи кои ја чуваат од морето, го спречуваат и течењето на водите од поплавите. Четвртина од земјата сега е веќе под морската површина и заштитена е со насипи. За долгорочно да се заштити од надоаѓањето на морето, земјата мора да вложи 1.5 милијарди евра годишно.

Некои стручњаци сметаат дека исто така е прашање на време кога Северна Кореја ќе се сруши. Кога тоа ќе се случи, Јужна Кореја ќе биде подготвена да го врати северот и да станат една земја.

Слабоста на палестинските управи најверојатно ќе резултира во непостоењето на Палестина како државен ентитет, иако веќе повеќе од 2/3 од членките на ОН ја признаваат како држава. Многу аналитичари не и даваат големи шанси дека до 2115 година ќе постои како држава.



Можно е да ја снема и најмладата држава во светот, Јужен Судан. Во девет од десет провинции се уште постојат немири, а ако не се постигне политички договор, тешко дека ќе опстои како држава.

Хаити, првата самостојна држава со мнозинство црни жители, и порано се соочувала со етнички чистења, немири и природни катастрофи, а денес големо влијание имаат последиците од климатските промени.

Тропскиот рај Кирибати, земја во средишниот дел на Тихиот океан, поради зголемување на нивото на морето може да западне во тешки проблеми. Кирибати е всушност составена од 33 острови, кои нудат идеални услови за нуркање, сурфање и риболов. Жителите веќе имаат план за евакуација и буквално ги бројат деновите до моментот кога климата ќе се промени, а брановите ќе ги потопат.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби