Заболените ги тераат да јадат со кози и ги држат заврзани со синџири

Ментално заболените во Индонезија трпат работи кои во денешно време не можат да се замислат – семејството ги држи заврзани со синџири, но и во установите условите не се ништо подобри. Таму ги чекаат други маки, бидејќи редовно се жртви на сексуално и психичко насилство, објави Human Rights Watch.



Околу 57.000 пациенти поминале такви искуства, иако со закон е забранета таа пракса во Азија уште од 1977 година. Извештајот кој го објавија, содржи приказни на 175 луѓе кои неодамна биле жртви на ваков нехуман начин на живот, а уште 200 кои го поминале тоа во минатото.



Во документарецот може да се најдат и случаи на жени кои 15 години биле врзани во една соба. Нешто „посреќна“ била 23-годишната Исмаја која во болница поминала три недели врзана со синџири.

- Рацете ми беа заврзани со синџир за куче, а нозете со големи синџири. Се трудев да се извлечам, но секој пат ме врзуваа се поцврсто. Ниту еднаш не ме одврзаа. Немав ни WC. Врескав и барав да ме пуштат барем до WC, но никогаш не ми дозволија, сподели Исмаја.



Повеќето случаи се регистрирани во рурални делови во Индонезија, каде што луѓето или не знаат или знаат многу малку за менталните пациенти. Тоа исто така се региони каде што нема доволно установи за згрижување на пациенти. Речиси 90% од оние на кои им треба таква помош не можат да дојдат до истата. Во земја од 250 милиони жители, постојат само 48 психијатриски болници.

Карика поминала четири години заклучена во штала за кози, која се наоѓала во задниот двор во куќата кај што живеела. Тамо јадела, спиела и обавувала нужда. Го преколнувала целото семејство да ја пуштат. За неа дознал еден новинар, па родителите ја пуштиле, но потоа завршила во болница за ментално заболени, каде што и давале електрошокови иако се противела на тоа, ја присилувале на земање таблети, а пациентот кој со неа бил во соба неколку пати ја силувал.



- Ми даваа електрошокови и многу ме болеше. Бев будна и се гледав. Ме врзуваа на кревет додека ми ги даваа.

Ја вратиле дома, но повторно ја сместиле меѓу козите.

Се надеваме дека овие стории ќе стигнат до вистинските луѓе и конечно ментално заболените личности во Индонезија ќе добијат третман каков што заслужуваат.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби