Личат на топ модели: Кој би рекол дека ова се политичарки?

Тие се популарни, убави и на високи политички позиции. Некои пред да влезат во политичките води биле мис, топ модели, телевизиски водителки, а некои завршиле и во затвор.

Марија Елена Боши (35 години)

По професија правничка, Марија е најмладата министерка во италијанската влада. Во 2014 година станала министерка за уставни реформи. Дипломирала на Правниот факултет во Фиренца како најдобра во својата генерација.

Во 2011 година станала советничка на сегашниот премиер Матео Ренци, а ја координирала неговата кампања за водач на коалицијата додека бил градоначалник на Фиренца. Поради атрактивниот и привлечен изглед, често е на насловните страници на италијанските магазини, па ја нарекуваат и првата дама на италијанската политичка сцена.

Белинда Стронач (49 години)

Бившата канадска политичарка била на чело на две министерства, а денес е успешна бизнис жена, што и била пред да влезе во светот на политиката. Имено, во 2001 година била прогласена за најмоќната бизнисменка во Канада. Има своја хуманитарна организација. Прекрасната Белинса, канадската фем фатал (како што ја нарекувале медиумите) доаѓа од имотно семејство, а родителите и се сопственици на Magne, компанија за производство на автомобилски делови. Пред девет години и е дијагностициран рак на дојката, па извршила мастектомија.

 

Имала мошне бурен љубовен живот, а два пати била во брак, но се развела. Има две деца од првиот брак.

Ева Кали (37 години)

Оваа грчка убавица некогаш била телевизиска водителка, а сега својата земја ја претставува во Европскиот парламент. Пред тоа била застапничка во грчкиот парламент.



Завршила архитектура и инженерство, а има и магистратура по меѓународни односи. Моментално пишува докторат од меѓународна политичка економија. Зборува течно англиски, германски и италијански јазик.

Алина Кабаева (32 години)



По медиумите се шпекулираше дека една од најнаградуваните гимнастичарки во светот е љубовницата на Владимир Путин и дека му родила две деца. Алина освоила два олимписки медали, 14 медали од светско првенство и 25 медали од европско. Станала претставник во Думата во 2007 година и седум години поминала во рускиот парламент.

Мара Карфагна (40 години)

Од 2008 до 2011 година Мара беше министерка по рамноправност во италијанската влада на Силвио Берлускони. Прекрасната политичарка, со нежен и префинет изглед и беспрекорна фигура откако завршила право работела како телевизиска водителка и топ модел.



Се натпреварувала за Мис Италија, а неколку пати била прогласувана за најсексапилна политичарка. Дури и Берлускони изјавил дека ако не е женет, веднаш би се оженил со неа.

Ангела Герекоу (56 години)



Сексапилната Ангела, бивша Плејбој зајачица била министерка за туризам во владата на грчкиот премиер Јоргос Папандреу. Сепак, грчката јавност повеќе е заинтересирана за нејзините голи фотографии отколку за политичката функција, а министерката морала да ја напушти затоа што се дознало дека нејзиниот маж, естрадниот уметник Толис Воскопулос должел данок на државата од неколку милиони евра.

Руби Дала (42 години)



Канадската политичарка, Руби, е членка на либералната партија и работи во канадскиот парламент. Родена е во индиска емигрантска фамилија, а уште од детството ја интересирала политиката. Таа и колумбиската конзервативна застапничка Нина Гревал се вистински жени кои им служат на народот.

Ангелина Сондак (38 години)



Родената Австралијанка и бивша Мис на Индонезија, Ангелина, влегла во политиката во 2004 година. Станала една од главните луѓе во Демократската партија, но не останала имуна на мито и корупција. Во 2013 година ја осудиле на четири години затвор, бидејќи земала 1.5 милиони долари мито.

Сара Палин (53 години)



Освен со атрактивниот изглед и вниманието кое го привлекува во медиумите, поранешната гувернерка на Алјаска со години давала нелогични изјави. Оваа американска политичарка е мајка на пет деца, а во 2008 година била првата кандидатка од страна на Републиканците за потпретседател на САД.

Јулија Тимошенко (55 години)

Украинска политичарка и претседателка на партијата Свеукраински савез – Домовини и Блок Јулија Тимошенко, два пати ја обавувала должноста премиер. Во 2010 година била претседателски кандидат, кога тесно ја победи Виктор Јануковиќ. Тој потоа почна кампања против неа и нејзините сојузници, па бившата премиерка во 2011 година заврши во затвор поради злоупотреба на власта поврзано со склучување договори за гас со Русија во 2009 година. Отслужила две од седум години затвор, а ја пуштиле на слобода откако Јануковиќ побегнал од земјата.



Заштитен знак е нејзината коса, односно плетенка околу главата во вид на венец. Исто така комбинира висока мода и народна култура, а во земјата се смета за модна икона, па во една прилика ја красеше насловната страница на украинскиот моден магазин Elle.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби