Британската кралица Елизабета наполни 90 години

Британската кралица Елизабета денеска полни 90 години и својот приватен роденден, по традиција, ќе го одбележи во кругот на најблиското семејство.



Во Виндзор, во близината на Лондон, каде се наоѓа кралскиот замок, таа ќе открие спомен плоча во чест на овој јубилеј, а по повод роденденот, топовски плотуни ќе бидат истрелани низ сите делови на Обединетото Кралство.

Британската кралска пошта, која одбележува 500 години од своето постоење, издаде пригодна марка за роденденот на кралицата, направена врз заедничката фотографија на четирите генерации од кралското семејство.



На фотографијата што е направена минатата година, се сегашната кралица и тројцата идни кралеви на Велика Британија-престолонаследникот Чарлс, неговиот син, принцот Вилијам и малиот принц Џорџ, синот на Вилијам и Кетрин Мидлтон.

Службениот роденден на кралицата се одбележува во јуни. Овојпат тоа ќе биде на 10 јуни со пригодна црковна церемонија на благодарност во катедралната црква Сент Пол во Лондон.



Роденденските свечености следниот ден ќе продолжат со парадата на кралската гарда, а ќе завршат на 12 јуни со уличната забава на лондонскиот Мол во близината на Бакингемската Палата, на кое кралицата ќе им биде домаќин на десет илјади Британци.

Овогодишната приватна прослава на нејзиниот роденден, ќе биде збогатена со присуството на американскиот претседател Барак Обама кој вечерва ќе допатува во посета на Лондон.



Претседателот Обама утре во замокот-резиденција во Виндзор ќе има ручек со кралицата и нејзиниот сопруг, принцот Филип (95).



Кралицата Елизабета во септември минатата година стана монарх со најдолг престој на престолот во англиската и британската кралска историја, надминувајќи го дотогашниот рекорд на кралицата Викторија, од 63 години и седум месеци.



На престолот таа е од февруари 1952 година, по смртта на нејзиниот татко кралот Џорџ Шести. Во текот на изминатите повеќе од 64 години како британски суверен, кралицата Елизабета соработувала со 12 британски премиери и со седум надбискупи на Англиканската црква. Во овие години се измениле и седум поглавари на Католичката црква.

Кралицата Елизабета држи и уште еден рекорд. Таа е монарх со најдолг брачен стаж во британската историја. Кралицата Елизабета и принцот Филип се во брак 68 години.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби