СВЕДОШТВО II: Дресирани ученици

Минатата сабота го поставивме прашањето : -Дали образовниот систем ги препознава нашите херои, новите генијални умови, спортски потенцијали, уметнички таленти?

Во истото основно училиште се запознав со неколку ученици од второ одделение и меѓу другото ги прашав: „Дали некој знае да ми каже некоја песничка за пролетта?“ Сите почнаа да креваат раце, а едно девојче гласно рече: „Јас знам за пролетта, знам и за кокичето, знам песничка и за училиштето, песничка за мама“... - „А дали некогаш си се обидела да напишеш песничка?“, - прашав прекинувајќи ја во набројувањето.



Молк... Следеше срамежливо тегнење на ракавите од блузичката и чкрипење со забите. Најпосле ми одговори: - „Пишувавме песничка на писмена работа, но јас сум ја згрешила темата и не беше убава! “

Сите деца имаат прекрасни таленти. А ние немилосрдно им ги уништуваме. Доколку не сте подготвени да згрешите, никогаш нема да измислите ништо оригинално! Најголемиот број деца ја губат способноста за „грешка“ пред да пораснат. Тие се имаат уплашено да згрешат. Во образовните системи грешките се најлошото нешто што можете да го направите. Но пред да ги „издресираме“, сите деца се подготвени на ризик, ако не знаат доволно, ќе пробаат. Тие не се плашат дека ќе згрешат и треба да им го дозволиме тој простор. Образованието не треба да сервира решенија, туку треба да провоцира нови, преку интеракција на интердисциплинарните начини на гледање на работите.

Да се присетиме на големиот мајстор Пикасо: „Сите деца се родени уметници, но проблемот е да останат уметници додека растат“. Растеме да не станеме креативни, со растењето ја губиме креативноста, поточно ја заменуваме со образование што дресира!

Зошто кучињата не учат ништо сами? Затоа што се дресирани да ги прават работите онака како што сме им ги претставиле. Дресура што во основата се гради на: ред, дисциплина, повторување и награда. Ништо поразлично од нашиот образовен систем.

Децата не смеат да бидат дресирани! Децата не треба да бидат оценувани за нивните постапки, туку охрабрени да најдат решение за секој проблем, а креативноста е таа која ќе им помогне во совладување на истите.

Креативноста денес е подеднакво важна во образованието како писменоста и треба да ја третираме со истиот статус! Работењето со приоритизирани предмети и систем на повторувачко знаење (учење на памет) и неиндивидуалното работење, не може да ги препознае генијалните умови, туку ќе ги стави во рамки за потребите на општествените и корпорациски „безгрешни“ форми.

Дали нашиот официјален образовен систем ја поттикнува креативноста? Дали постојат алтернативни уметнички образовни школи што помагаат при процесот на интелектуален развој на секое дете?

(продолжуваме наредната сабота)



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби