Велигденски декорации: Интересни и лесни за правење

Зошто да украсувате само за Нова година и Божиќ, кога можете да го направите тоа и за Велигден? Без разлика дали веќе имате купено неколку украси или не, ние ќе ви претставиме неколку идеи за декорација, кои ќе го внесат велигденскиот дух во вашиот дом.

Гнездо со јајца



Пронајдете некои подолги бонбони и истите загрејте ги малку во микробранова печка со цел да омекнат. Испреплетете ги во вид на гнездо, оставете да се оладат и да се зацврстат, а потоа во нив ставете неколку мали јајца, а може и мали чоколадни јајца.

Свеќник

Толку едноставен, а толку убав. Овој мал пролетен свеќник може да ви постои и подолго, не само за празникот. Сè што ви е потребно е мала чаша за ракија, еден цвет гербер, мала свеќа и украсна лента. Наполнете ја чашата со вода и врз неа ставете го герберот. Околу свеќата замотајте ја украсната лента за да изгледа поубаво, а потоа свеќата ставете ја врз цветот.

Прстен за салфети



За да ги направите овие интересни прстени за салфети, потребна ви е тенка жица и мали бонбони со дупка, кои ќе ги нанижете на жицата. Свиткајте ја жицата во облик на прстен околу салфетите и разубавете ја чинијата на гостите.

Велигденска винтиџ кутија

Преполна со шарени цветови и јајца, винтиџ кутијата може да стане централен дел на вашата маса. Набавете мали саксии, во нив ставете малку трева и потоа ставете ги цветовите и јајцата. Исто така и во целата кутија добро е да ставете малку трева и мов со цел истата да потсетува на мала градина.


Корнети како моркови



Потребна ви е боја за храна во црвена и жолта боја и готови корнети за сладолед. Помешајте ја жолтата и црвената боја и премачкајте ги корнетите со цел да добијат портокалова боја. Оставете ги да се исушат. Земете чоколадни бонбони и замотајте ги во зелен целофан, за да изгледаат како тоа да се листовите на морковот. Ако имате трева, искорнете, ставете ја во еден сад и таму ставете ги корнетите и чоколадите, а ако немате само наредете ги корнетите и ќе добиете убаво украсена чинија.

Саксии со јајца



Ова може да го направите со каква била саксија, во која има посадено зелено растение. Само погрижете се да се работи за убава саксија или пак украсете ја во разни бои. Сè што треба да направете е да ставете бојадисани јајца во сите бои.

Писмо во вид на зајче



Овие писма може да ги направите како подарок за најмалите. Земете бели и розови листови хартија, лепило и малку волница. Наполнете ги писмата со благи работи, а на врвот на писмото исечете две уши како на зајак. На ковертот нацртајте очи и уста, а носето направете го од волница.

Украсно дрвце

Скршете неколку голи гранки и намачкајте ги со бел лак или пак темперна боја, а истите може и да ги оставите во природната боја. Украсните јајца закачете ги на дрвцето заедно со други украси како зајчиња, пилиња или ливчиња. Украсите може да ги купите или пак да ги направите самите од хартија во боја.


Велигденски венец



Од хартија исечете форми во вид на јајца. Истите избојте ги и нанижете ги на конец. Венецот закачете го каде и да ви одговара.


Велигденски венец за на врата



Искористете ги таблите за јајца и истите исечете ги најпрво една по една дупка. Потоа истите исечете ги во разни форми, како што е прикажано на сликата. Избојте ги во различни бои и закачете ги на претходно направен круг од картон. Закачете го разнобојниот венец на влезната врата и гледајте како гостите уште не влезени дома, ќе ви бидат расположени.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби