СВЕДОШТВО III: Духовна храна за секое дете

Зборувавме (на тема): - Дали нашиот официјален образовен систем ја поттикнува креативноста? Дали постојат алтернативни уметничко-образовни школи (институции)(центри за неформално образование) што помагаат при процесот на интелектуален развој на секое дете?

Запознав ученик од петто одделение. Ми кажа дека кога ќе порасне сака да биде пливач, а омилен предмет на училиште му е историја: „Наставникот ни пушта интересни видеа за лекциите што ги учиме. Нѐ советува за различни теми од животот... Понекогаш слушаме музика на часовите...“

Една ученичка од шесто одделение кога ќе порасне сакала да стане уметник, додека омилен предмет ѝ бил географија: „Кога ќе влеземе во училницата има посебна енергија, многу интересни фотографии на ѕидовите, карти од целиот свет“... „Наставничката е многу добра со нас и секогаш прави интересни тестови каде нѐ поттикнува да дојдеме до сопствени заклучоци“.

Зошто образованието не ја препознава желбата на ученикот и да му овозможи образование што ќе кореспондира со неговата желба за спорт или примерот со оваа ученичка на која образованието ѝ ја потиснува потребата за уметност?

Токму затоа го поставивме прашањето: „Кој може да придонесе за интелектуалниот, креативниот и социјалниот развој на секое дете и откривање на талентот во вистинско време на вистинско место?“

Четири уметничко- образовни школи, четири различни приказни...„Џолев и уметностите“, „Данаил Станојески“, „Дом на млади“, „ЕВА“...сите творат на еден поинаков пристап, за едно поинакво образование:

Школата за уметност „Џолев и уметностите“, успешно навлегува во петтата година на креирање и организирање програми во вид на академии, обуки, курсеви, предавања и работилници за возрасни групи од 14 па до над 50 години и групи за најмладите од 7 до 13-годишна возраст. Јуниорските програми опфаќаат обука за драмски актер, работилница за литература и курс по ликовна уметност. Сите програми имаат практична примена и јавна промоција. Драмските актери на крајот од обуката се претставуваат со тетарска премиера, поетите промовираат книга што го содржи сработениот материјал , создаден за време на работилницата, во соработка со издавачка куќа „Три“, додека ликовните уметници ги изложуват своите најдобри дела на групна изложбена поставка во уметничка галерија, Повеќе за програмите во продажба.

- „ Нека се сетат родителите колку внимание посветуваат на здравата исхрана на своето дете или начинот на кој го облекуваат... Токму затоа ги потсетуваме да не заборават дека уметноста е духовната храна за секое дете! Во нашата школа за уметност се ужива додека се учи. Детето мора да се почувствува пред сѐ слободно за да ја изрази својата креативност. Секој детал е важен, различно амиентално осветлување за потребите на секој час, коректна температура на воздухот, изборот и јачина на музиката, мирисот на винила во просториите, свежо овошје за паузите... Атмосфера каде што ја скокоткаме иновативноста кај дечињата преку внимателно осмислена програма од страна на педагози-професионалци во својата уметничка област. Насмевките од секое дете ни потврдува дека сме дел од остварување на својот детски сон и помагаме во нивниот интелектуано-социјален развој“ - изјави Маја Илиоска, маркетинг-координатор во „Џолев и уметностите“.

Центарот за образование, култура и уметност „Данаил Станојески“ е присутен од 2014 год. и работи на едукативни програми за деца на возраст од 7 до 14 години. Првата програма е Детската и младинска филмска академија „ДАСТА“ каде што се изучува филмот во целина. Исто така, опфатена е и програмата за Креативно пишување, каде што се изучува поезијата, драмата и филмското сценарио. Учениците ги совладуваат техниките на пишување, ја развиваат својата мисла, и ги продлабочуваат своите пишувачки капацитети. Трета активна програма е Сликање – моделирање – анимирање.

- „Она што е наша најсилна страна, е тоа што фокусот на едукацијата е свртен кон развојот на детето во целина, и покрај вештините и знаењата што ги стекнува од областа во која го следи курсот, ги развива социјалните способности, комуникација во тимот, развива чувство за соработка, стекнува доверба, станува свесно за своите квалитети, ја развива фантазијата, развива идеи, споделува чувства, стекнува пријателства.“ - изјави Загорка Поп Антоска - Андовска од Центарот за образование, култура и уметност „Данаил Станојески“.



Општинската установа за култура „Дом на млади“ – Штип, е центар за креативен развој, каде што децата и младите не добиваат дипломи и сертификати, но како што велат тие, децата учат нешто кое формалното образование не го овозможува. Имено, во „Дом на млади“ работат со деца и млади во областа на актерството, ликовната уметност, фотографирањето, а за првпат во Штип децата од 4 до 8 години имаат можност да посетуваат настава по класичен балет.

- „Ова е место каде што децата и младите ќе можат да творат и да ги развиваат своите таленти. Сите луѓе кои се ангажирани да раководат со студијата, самостојно ги развиваат своите програми за работа, при што огромно внимание се посветува на педагошкиот дел. Под педагошки дел, мислам на тоа, не само да доаѓаат во „Дом на млади“ и да учат актерство, ликовна уметност, фотографирање, балет...туку оттука да излезат како личности, кои се подготвени со чист ум да се справуваат со предизвиците на животот.“ – раскажа директорката Вишна Шорова – Ангелова.

Центар за обука „ЕВА“ (Едукативна вокациска асистенција) е центар за јазични курсеви, преводи и толкување, креативни курсеви и уметност, професионални обуки од различни области во соработка со стручни лица, консултанти и експерти од областите. Застапени се и програмите за возрасни и детските програми, а на нивната официјална веб-страна ќе напишат:

- „Нашата мисија е да учиме на вредности, да толкуваме вредности и да креираме вредности, едуцирајќи луѓе, споделувајќи искуства и обучувајќи ги да ги истражат и максимизираат нивните потенцијали и оспособувајќи ги да дејствуваат со полн капацитет. Нашата мисија е да го тренираме мозокот, но и да ја негуваме и зачуваме душата, да ви помогнеме да растете и да растеме и ние со вас.“

Си било едно девојче, коешто било многу темпераментно и палаво на кратките меѓучасовни одмори, а поспано и незаинтересирано за време на училишната настава. Како и секоја мајка, и нејзината, била загрижена и водела по неколку институции за помош, барајќи одговор за оваа нејзина состојба што создавала непријатности во училиштето. Еден ден, тие имале среќа. Додека нејзината мајка разговарала со докторот за сите нејзини бељи во училиштето, малото девојче стоело на раце, се тркалала по земјата... Докторот тогаш ја замолил: „Ќе мора на кратко да поразговарам насамо со твојата мајка. Почекај тука, ние ќе се вратиме набргу“, излегле и ја оставиле сама. Но, како што излегувал докторот од собата го вклучил радиото што било на неговото биро. Кога тие излегле од собата, ѝ рекол на мајка ѝ: „Стојте и гледајте внимателно!“. Девојчето почнало да танцува. Тие ја гледале неколку минути, докторот се свртел кон мајка ѝ и рекол: „Вашето девојче не е болно, таа е танцувачка. Однесете ја во училиште за танц!“. Подоцна девојчето завршила на британската кралска танцова академија, станала соло танцувачка , имала прекрасна кариера, ја основала сопствената компанија „Џулијан Лин компанија за танц“, таа е одговорна за најуспешните театарски мјузикли во историјата, создала уште стотици танцувачи и денес е мулти милиониер. Некој друг би ја ставил на лекови и би ѝ рекол да се смири.

Родители, изборот е ваш!



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби