Минатиот вторник, поточно на 26 април одбележана е 30-годишнината од несреќата во Чернобил. По тој повод во Украина се упати екипа на Frontline, која на својата страница на Фејсбук објави феноменално видео.
Снимката сведочи што останало од Припјат, градот во кој живееле вработените во нуклеарната централа Чернобил (место оддалечено десет минути возење до централата). Видеото нуди можност да минувате низ кадрите по ваш избор, бидејќи истото е изработено во т.н. „360 ° технологија".
Во видео ќе го запознаете и Александар Сирота, човек кој имал само девет години, кога на 26 април 1986 во утринските часови се огласиле сирените.
Освен низ Припјат, Сирота ја прошетал групата од Frontline и низ Чернобил каде ќе се гради нов т.н. бетонски саркофаг, помодерен и побезбеден од постојниот. Во реакторот што експлодира пред 30 години има останато повеќе од 200 тони ураниум.