ТЕСТ: Водата која ви е најпривлечна открива многу за вас

Кога сме депресивни и напнати, ако влеземе во море, езеро, река или лежиме во када полна со вода, наеднаш ќе почувствуваме како напнатоста попушта. Повеќето од нас, идеалниот одмор го замислуваат негде на море, бидејќи одморот е речиси незамислив без вода. Уживајќи во морската вода, се опуштаме и забораваме на сите проблеми. Токму поради тоа, за да видете што е она што е идеално токму за вас, изберете една од следните водни површини која најмногу ве привлекува и прочитајте што кажува за вас истата.

Мало езерце



Привлечноста на малото езерце открива личност која сака мир, спокој и често е интровертна. Наоѓате радост во малите работи во животот – она што некои може да го сметаат за безначајно, како на пример, бубамара која ве лази, шарена ружа или прекрасно изгрејсонце. Не сакате брзање ниту лошо однесување и поради тоа се тргате настрана од драматични сцени и хаос. Ја цените тишината, удобноста и мирот.

Имате нежен дух кој привлекува луѓе и зрачите со искреност и вистина, особини што вашите пријатели ги ценат. Можеби не сте најгласни, но сте страсни, силни и полни со емоции. Изборот на мало езеро, кој е симбол на дом, спокој и традиција, означува дека вашата фамилија или дом наскоро ќе се прошири. Тоа може да дојде во вид на новороденче или проширување на домот. Без разлика што и да се случи, тоа ќе ви внесе нови возбуди во животот.

Ледена вода



Изборот на ледена вода на глечери открива моќна и понекогаш таинствена личност. Вие сте силни и заводливи што ве прави родени лидери. Без разлика на што се случува, секогаш ги забележувате ситните детали. Имате силни инстинкти и неверојатно го проценувате карактерот на другите, со што луѓето го ценат вашето мислење и интуиција и секогаш ви веруваат.

Со вас сите добиваат добра забава и позитивни моменти. Ја цените верноста, искреноста и интегритетот, а ако ветите нешто, секогаш го исполнувате. Изборот на ледената вода – симбол на стабилност, длабочина и авантура – открива дека наскоро ќе се најдете пред предизвик во позитивна смисла, која со себе носи награда. Можете да се заплеткате во оваа потрага, но имајте верба во своите способности. Ќе научите нешто неверојатно за себе.

Мирно езеро



Привлечноста од мирното езеро открива дека имате мирна, приземјена и отворена душа. Иако не сте друштвена личност, сакате да запознавате нови луѓе и да ги проширувате своите видици. Најголем мир чувствувате кога сте опкружени во природа и ги почитувате сите облици на животот. Многу топла личност сте, па уживате да им носите среќа на луѓето кои ги сакате, но и многу сте скромни. Вие сте она најдоброто помеѓу луѓето со добри срца.

Со оглед дека сте избрале мирно езеро – симбол на сила и чест – наскоро ќе ви биде доверена голема одговорност која ќе резултира со многу убави работи. Можеби на почеток ќе се чувствувате недораснати за задачата, но да знаете дека никој не може да ја заврши таа работа подобро од вас. На крај ќе се исплати!

Силен водопад



Силниот водопад открива силен, страстен и искрен дух. Имате магнетска привлечна енергија и каде и да отидете оставате видлив траг. Вие сте авантуристично дете заробено во тело на возрасен. Сакате да се изгубите – било во своите мисли или во нова земја и имате многу активна фантазија, поради што сте многу креативни. Иако ве води срцето во склад сте со своите емоции, па секогаш сте со ладна глава. Полни сте со страсти и сакате да се смеете, па иако сте склони кон драматичност, имате малку трпеливост за драми во вашите врски. Романтични сте и ја сакате вистината. Уживате во убавината и во редот.

Со оглед дека сте избрале силни водопади – симбол на радост, слава и енергија – набрзо ќе примите добри вести, работи на кои сте се надевале многу долго време. Можеби нема да дојдат во облик во кој сте очекувале, но ќе го означат почетокот на многу радосен период во вашиот живот.

Река



Реката открива внимателност, остроумност и љубопитна душа гладна за одговори. Пронаоѓате големо задоволство во учењето нови работи и искуства. И покрај тоа што сакате да запознавате нови луѓе, најсреќни сте кога сте сами со своите мисли. Сакате да го истражувате светот околу себе и се чувствувате многу поврзани со природата и земјата. Многу ги сакате животните, како и тие вас. Со оглед дека имате многу топла енергија, пријателите секогаш се чувствуваат пријатно во ваше друштво, особено кога им треба рамо за плачење.

Ова е симбол на размислување, напредок и движења, па истиот прикажува дека наскоро ќе добиете прилика да ги проширите своите видици на начин на кој сте го сметале за невозможен. Тоа може да дојде во облик на патување ново пријателство или неочекувани прилики, но тоа ќе биде животна промена на најдобар можен начин. Прегрнете ја!

Мирен океан



Мирниот океан открива дека сте нежна и чувствителна душа. Многу сте сочувствителни и топли и сакате да ширите радост меѓу оние околу вас. Внимателно работите и ја цените одговорноста, но ништо не ви е подраго од тоа да ја распуштите косата и да се забавувате. Многу сте емпатични и сочувствувате со целото срце.

Ова е симбол на далечина, промени и цикличност. Означува дека наскоро ќе тргнете на некое посебно патување. Без разлика дали се работи за физичко или духовно патување, ќе ви се укаже прилика за проширување на вашите видици и истражување на непознати делови на вашата личност. Ако ја прифатите оваа прилика, животот ќе ви се трансформира на неочекуван и радосен начин.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби