Wikkelhouse – модуларна картонска куќа

Амстердамскиот колектив „Fiction Factory” составен од група артисти кои претходно имаат работено заедно на дизајнирање ентериери, мебел и саемски кабини, креирал прототип на модуларен дом кој може да се склопи за само еден ден.



Наречена Wikkelhouse (превод од Холандски би бил „Куќа што се обвиткува“), оваа куќа е направена од серија на секции направени од картон, од кои секоја тежи 500кг. и е 120см длабока, изработена од 24 слоја на картон (споени со користење на еколошки супер-лепак) кои се обвиткани во форма на куќа користејќи специјален калап, а со помош на тубуларни компоненти може по желба да се крати или зголеми должината на градбата. Веќе готовите секции вклучуваат кујна, туш и бања, а постојат опции за стаклени или непрозирни фасади.



За да се заштити, картонот е направен водоотпорен со премачкување со специјален филм и обложување со даски кои го заштитуваат од временските (не)прилики. Иако „обичниот“ картон е познат како материјал кој лесно се оштетува, тимот кој стои зад Wikkelhouse тврди дека вака заштитен е дизајниран да трае најмалку 50 години. Целата структура е направена исклучиво од материјали кои можат да се рециклираат и кои можат да се до три пати потрајни од вообичаените градежни материјали кои инаку би се користеле за изградба на нешто вакво. Покрај тоа, структурата не бара темели и може да биде изградена на било која рамна површина за еден ден.



Сите овие карактеристики ја прават Wikkelhouse идеална за привремено, но и релативно постојано живеалиште, како и исклучително практична и ефективна како помош во случај на катастрофи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби