Во американскиот Тексас постои хотелот El Cosmico, кој е направен на понеобичен начин од стандардните хотели кои сме навикнати да ги гледаме. Имено, се работи за реставрирани и преуредени камп приколки, наменети за оние со малку послободен дух.
El Cosmico е поприлично харизматично хотелско издание во кое владеат некои други правила, односно идеа како животот би требало да биде своевидна урамнотежена атмосфера. Освен интересното сместување, хотелот им нуди на гостите и забава, прилика за учење, импресивен пустински амбиент, но и спиритуални и уметнички работилници. Во понудата има и монголски шатори за оние кои сакаат да доживеат уште поголема авантура.
Исто така постојат и пунктови за одмор, вечера и читање. Овој хотел нуди бегство од градската средина и опуштање какво што заслужуваме барем еднаш во животот.