10 совети како да станете милионер

Денес живееме на слободен пазар и секој може да заработи колку сака, само треба паметно да ги искористи приликите кои му се нудат. Многу сме читале за милионерите кои се збогатиле пред 30 години, а овие 10 совети може да ви помогнат вие да се збогатите полесно.



Фокусирајте се на заработката

Еден од подобрите совети е да се фокусирате на зголемен приход во мали чекори и да го повторувате тоа. Едно е да зборувате, а сосема друга работа е да заработувате повеќе пари, но опциите се бројни. Се советува и да создавате приход надвор од дневната работа, а една од опциите е вложувањето. Во зависност од времето може да се занимавате со некоја работа која ви носи пасивен приход, како на пример снимање на YouTube видеа. Со се поголема популарност на видеото, расте и бројот на прикажаните реклами на нив, а ако успеете да пронајдете некоја преку која ќе ја заинтересирате одредена публика, ќе ви стигне и заработката.

Развијте повеќе извори на приход

Уште еден начин за зголемување на богатството е повеќе приходи, а всушност тоа е и начинот на кој многу милионери сами дошле до својата заработка. Една петгодишна студија покажала дека дури 65% имале три извори на приходи, а 29% милионери дури пет или повеќе извори на приходи. Тоа може да вклучува и изнајмување на недвижнини, вложување на берза, сопственост на акции или проекти..

Бидете одлучни

Избегнувајте го заморот при одлучување. Вниманието е ограничен дневен ресурс и може да ја загуши продуктивноста. Независно од тоа колку ментално сте стабилни во текот на денот, секогаш ќе има граница после која веќе нема да може да работите и одлучувате на оптимално ниво, советува Такер Хјуџес кој станал милионер на 22 години. Чувајте си ја силата така што брзо ќе носите одлуки кои може да ги менувате и ќе планирате работи кои може да ги извршувате автоматски. Анализите покажуваат дека над 500 милионери покажале дека сите имаат навика на брзо носење одлуки.

Немојте да бидете арогантни, туку бидете пример за останатите

Грант Кардон, кој на 21 година останал без скршена пара, а до 30 години станал милионер, не купил луксузен автомобил или часовник се додека неговите фирми немале неколку сигурни извори на приход. Советува дека луѓето би требало да бидат попознати по работните навики, а не по работите со кои се луксузираат.

Променете го својот став за парите

Патот до богатството почнува со тоа како размислувате и во што верувате околу создавањето на пари. Просечен човек верува дека е достапна само ограничена количина на пари и мора да се борат за својот дел пред некој друг да го земе. Богаташите од друга страна пак, на парите гледаат како неограничен ресурс и ако му требаат уште пари, го користат мозокот за да размислат како да произведат уште.



Вложувајте во себе

Непрестајно работете на себе и на своето образование. Читајте за вложувањата, претприемништвото и психологијата на парите. Богатите луѓе знаат дека мора постојано да учат, дури и кога постигнале неверојатен успех. Читајте книги за Стив Џобс, Рокфелер или Варен Буфет. Успешните луѓе бараат мотивација кај другите успешни луѓе. Одлучете се на тоа дека целиот живот ќе учите и преземете ја контролата над сопственото образование.

Ослободете се од постојаната плата

Богаташите обично се самовработени и сами ја одредуваат својата плата. За повеќето платата и работата е најбавниот пат до успехот, но тој се прокламира како најсигурен. Оние најуспешните знаат дека најбрзиот пат е самовработување. Повеќето луѓе сепак останува на работно место со сигурна плата и некое годишно зголемување.

Зададете си цели

Ако сакате да заработите, мора да имате јасна цел и план како ќе го исполнете тоа. Парите нема само да се појават – мора да работите за да дојдете до нив. Запишете како сакате да заработите и во кој временски рок. Бидете реални при одредувањето на временската рамка за постигнување на тие цели, но не треба ниту да се плашите од предизвиците. Потребен е фокус, храброст, знаење и многу труд, а тоа е можно ако имате прецизни цели и јасни визии.

Опкружете се со луѓето кои ја поттикнуваат вашата креативност

Идејата е да се опкружите со талентирани луѓе кои ја делат вашата визија, бидејќи заедно можете да разговарате за работните потфати. Исто така, не се кажува без причина „со кого си, таков си“. Ако вашето време го поминувате со успешни луѓе, другите ќе ве гледаат како еден од нив и ќе имате пристап до многу работни прилики кои инаку не би биле отворени.

Немојте да се ограничувате

Зошто да целите на еден милион, целите на 10! Барем така тврдат стручњаците!

- Парите постојано се вртат, нема да исчезнат. Размислувајте во големи рамки и успехот нема да изостане, додаваат тие.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби