Кралицата на летните љубовни романи пристигна во Македонија

Кога вистината е полоша и од тоа што зборува народот

Дали слушна? Грејс ѝ се доверува на својата најдобра пријателка Меделин дека го изневерува сопругот, а оваа почнува да пишува роман за тоа, сакајќи да ѝ го објави зад грб...

Оваа емотивна сага е прекрасна книга од „кралицата на летните романи“ – Елин Хилдербранд. Бестселер-авторката на „Њујорк тајмс“ пристигна во Македонија со идеална книга за уживање на плажа.

Меделин Кинг и Грејс Панцик се најдобри пријателки на кои им завидува целиот остров Нантакет поради сето она што го имаат – совршени бракови, прекрасни деца, заеднички вечери во недела навечер. Сепак, Грејс ѝ се доверува на Меделин дека го изневерува сопругот, а оваа почнува да пишува роман за тоа, сакајќи да го објави зад нејзиниот грб... А, доколку во Нантакет сакаат нешто повеќе од коктели на плажа на зајдисонце, тоа е – добар трач. И додека Грејс и Меделин се обидуваат да ги поправат работите, можно е вистината да е полоша и од тоа што зборува народот.

Оваа неповторлива книга е петнаесеттиот роман на Елин Хилдербранд. Сите нејзини книги се случуваат во околината на островот Нантакет, каде што и самата живее со сопругот и со трите деца. Како тинејџерка секое лето го минувала на Кејп Код, безгрижно уживајќи, сè додека татко ѝ не загинал во авионска несреќа. Следниот одмор решила да работи, поставувајќи си нова животна цел: секогаш да ѝ биде лето.

Следните трачеви за неа се точни: своите романи ги пишува рачно, добра готвачка е, но катастрофална градинарка, и се бори со рак на дојката. Сè друго е отворено за шпекулации.

Одговорете точно на прашањето „Како е насловот на петнаесеттиот роман на Елин Хилдербранд?“, а Идивиди во соработка со издавачката куќа „Антолог“ ќе доделат примерок од романот на еден од вас по случаен избор. Точниот одговор напишете го во коментар на овој линк, кој е споделен на нашиот официјален Facebook профил, а воедно споделете ја и оваа вест. 

За да го пронајдете точниот одговор, побарајте помош на antolog.mk. Добитникот ќе биде објавен во петок на 1-ви јули.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби