За 15 години овие професии веќе нема да постојат

Роботите веќе земаат замав во секојдневниот живот, а веќе почнаа да се изработуваат разни машини и уреди кои ни го олеснуваат животот. Токму поради нив, многумина вработени ќе останат без своите работи, бидејќи роботите ќе може да ги извршуваат нивните обврски...

Неодамна патував од Њујорк до Лос Анџелес, а дури 29 пати морав да комуницирам со други луѓе. Мојата прва станица беше банката. Таму разговарав со службеникот бидејќи ми требаа повеќе пари отколку што ми беше дозволено да подигнам на банкоматот. Потоа се упатив кон аеродромот. Таму две службенички ми го извадија багажот и го ставија на лента. Потоа следеше обезбедувањето. Агентите ја проверија мојата лична идентификација и го скенираа ранецот. Додека чекав да се качам во авион, читав финансиски вести.

Кога стигнав во хотелот, на рецепција ми ги проверија документите и ми дадоа клуч од собата. Влегов во собата и сфатив дека заборавив да понесам паста за заби, па се јавив на рецепција. Тие ме споија со собарките и една од нив ми донесе.

Ниту една од оваа работа нема да постои за 15 години. Овие посредници, како што јас ги нарекувам, ќе бидат заменети со автоматски уреди, односно паметни роботи, кои ќе ја работат истата работа која некогаш ја работеле луѓето. Индустриската револуција нема да влијае само на производството туку и на услужната дејност.

Машините се секогаш поевтини од луѓето. Наскоро нема да ни треба повеќе готовина, а со самото тоа и целиот банкарски состав ќе се промени.



Се сеќавате на финансиските вести кои ги читав? Програма ги има пишувано, а не новинари. Алгоритмите може да составуваат цели реченици според податоците кои ќе ги вметнете во нив. Многу приказни кои редовно ги читам, напишани се од роботи, а не од луѓе.

Личните документи за идентификација наскоро ќе исчезнат. SkullConduct е состав кој го скенира нашиот череп и така ги распознава луѓето.

Скенирањето се уште го извршуваат луѓе бидејќи тестирањето од минатата година покажало дека новиот состав, кој не бара човечка помош, погрешил во 95% од случаите, односно не открил забранети предмети во куферите. Но, во иднина и ова ќе се промени.

Некои авионски компании веќе поставиле уреди кои им овозможуваат на патниците сами да го скренираат багажот и да испечатат билет.

Веќе постојат хотели кои користат роботи, кои може да ви донесат крпи, паста за заби или храна.

Многу професии ќе снема. Но, тоа отвора прилики за многу инвентивни поединци, кои знаат да го проценат пазарот и може да го понудат она што се бара во иднина.

Сепак, да се стрпиме уште малку. Машините се многу добри и слушаат наредби, но исто така не знаат што да направат во итни ситуации.

Кога дојдов на аеродромот во Њујорк сфатив дека хотелот и авионската карта се резервирани на моето моминско презиме кое веќе го немам на личната карта. Можев да имам проблем поради тоа, да не ми дозволат да се качам во авионот. Оваа фрустрирачка грешка може да ја исправат само луѓето, барем засега.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби