Треба да одите на одмор со својот сопруг, но тој не добива виза? Што ќе направите? Ќе изберете друга дестинација или ќе тргнете во поход без него?
Ретки се оние кои би го оставиле саканиот дома. Хума Мобин е токму една од нив. Откако нејзиниот сопруг не добил виза за Грција, таа решила да замине со неговите родители и да не дозволи да и пропадне патувањето.
Иако си поминала феноменално, се потрудила на секоја фотографија да покаже колку и недостига сопругот, особено кога треба да помине 10 дена со неговите.