Незаборавна книга за емотивното созревање

„Убавината е морална доблест и нема врска со телото, така заобленоста на некој задник не значи ништо, исто како што и совршената линија на некој тенок глужд не треба да има никакво значење: женското тело е предмет на систематско одложување“.

Андре е, во најмала рака, многу убава, однадвор и однатре – „тоа за неа важи во особена мера и, чиниш, не сакајќи“. Со нешто машко во себе, сепак елегантна и грациозна, таа е различна, мистична, далечна, недофатна. Андре е сечија и ничија. „Чека во бањите на кината, потпрена на ѕидот, а тие доаѓаат еден по друг да ја земат, без таа воопшто да се сврти... Не ѝ е важно дали ќе ја фотографираат, не ѝ е гајле ако некогаш татковците дојдат на ред по синовите, изгледа ништо не ѝ е важно. Секое утро, повторно е ничија“ .



Ова не е приказна за Андре, но таа е онаа што со својата пасивност го придвижува дејството во романот. Андре на различен начин ги опседнува и ги маѓепсува четворицата другари, кои се наоѓаат на прагот на светот на возрасните. И ова е приказна за нив. И, по малку, за секого од нас. Романот ги отвора прашањата за верата, моралот, самоубиството, за она под и надвор од оклопот на религијата. „Оној што почнал да умира не може да престане“ . Токму затоа Андре ги привлекува момчињата над секоја разумна мера и наспроти сите нивни убедувања. Навидум необјаснивиот копнеж по смртта ги скокотка нивните млади мозоци.

Насловот упатува на една епизода раскажана во Евангелието според Лука, во која, како и во приказната на четворицата другари, на патот долго останува да виси прашањето „Како можевме?“



Философски, провокативен, мистичен, контроверзен, „Емаус“ е уште еден во низата прекрасни романи на најхаризматичниот современ италијански писател.

Автор: Моника Илкова

Одговорете точно на прашањето „Кој познат италијански писател е автор на романот Емаус?“, а Идивиди во соработка со издавачката куќа Антолог“ ќе доделат примерок од романот на еден од вас по случаен избор. Точниот одговор напишете го во коментар на овој линк, кој е споделен на нашиот официјален Facebook профил, а воедно споделете ја и оваа вест.  Добитникот ќе биде објавен во петок на 15-ти јули.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби