Кои се 10-те најубави кучиња на светот?

Секое куче е убаво на свој начин, а на секој господар, неговото куче им е најубаво. Сепак, според мислењето на познавачите на кучења, овие се 10-те најубави кучиња на светот:

Сибирски хаски



На многумина овие им се најубавите кучиња во светот. Привлечни се поради единствениот карактер, кој е микс од опуштеност и спортски дух. Тие се разиграни кучиња, кои ќе се спријателат со секого. Најсреќни се кога се со членовите на своето семејство.

Златен ретривиер



Влакното во светло златна боја на оваа раса на кучиња е главниот адут. Тие се мирни и весели кучиња, кои одлично се согласуваат со возрасните, децата и со останатите домашни миленичиња.

Германски овчар



Освен што се убави, тие се и нестрашливи. Сепак, им треба време да се зближат со непознати и ќе се постават заштитнички настроени кон газдата. Познати се по својата самодоверба и поврзаност со членовите на фамилијата.

Лабрадор



Овој неодолив убавец е познат по џвакањето на сè она што му изгледа комфорно за џвакање. Поради тоа, сопственикот треба да му обезбеди доволно играчки за џвакање, бидејќи ќе се насочи кон гризење на обувките и мебелот.

Бернардинец



Знаат да бидат тврдоглави и посесивни, но никогаш не одат до крајности, се додека правилно се дресирани. Одгледувани се за спасување на луѓе и поради тоа имаат големо и силно тело, но со нежна природа.

Дога



Многумина се плашат кога се во близина на овие диви кучиња, кои може да пораснат и до 75см, но всушност се работи за многу мили и нежни кучиња. Догите се многу друштвено и пријателски расположени кон другите животни, вклучувајќи ги и мачките.

Доберман



Кога би се бирало најелегантно куче на светот, многумина би гласале за грациозниот доберман. Овие раси на кучиња се внимателни, кои сакаат да ја почувствуваат физичката близина на членовите на семејството.

Бернско планинско куче



Долги трибојни влакна, грандиозна убавина и став се главните атрибути на овој бернски пес, кој секогаш сака да дивее. Лесно е да се дресира, а многу сака да го прави среќен газдата.

Кувас



Се работи за интелигентно, многу храбро и доминантно верно куче. Има густо бело влакно, меко како пердув. Сепак, кувасот не е куче за почетници, со оглед на тоа дека неговиот газда мора да биде одлучен и добро да го одгледува.

Акита



Нежни при срце, но однадвор храбри и силни, е јапонската поговорка која најдобро ги опишува овие кучиња. Акитата е голема и прекрасна раса одгледувана во Јапонија, а денес постои и американска Акита. Најдобро е да почнат да се дресираат уште од најмали нозе, како и секое друго куче.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби