Купил лоз за 49 долари и освои куќа, ресторан, хотел...

Брачната двојка Даг и Сали Бејц од Австралија во 1994 годинa се доселиле на островот Косрае во архипелагот Микронезија и таму отвориле свој хотел.



Сега, 22 години подоцна, Даг и Сали решиле да се вратат во својата татковина и наместо да го продадат својот луксузен имот, организирале наградна игра.

На „Томболата“ можеле да учествуваат луѓе од целиот свет, а еден лоз чинел 49 американски долари.



Пред извлекувањето на среќните броеви од лотаријата, кое се случи вчера, Даг Бејц изјави дека би сакал „неговата работа да ја продолжат луѓе со интереси слични нему и на неговата сопруга“. Тој исто така изрази надеж дека среќниот добитник ќе биде друштвен човек, што сака средби со луѓе од целиот свет и кој сака топла клима.

Бејц претходно најавија дека „Томболата“ ќе се одржи само доколку бидат продадени најмалку 50.000 лозови, што би значело приход од 2,45 милиони долари. Но, тој податок набргу бил тргнат од официјалната веб страница.



Сопственикот на добитниот лоз се вика Џошуа и потекнува од австралиската сојузна држава Нов Јужен Велс. Домаќинот не сакаше да го објави целосниот идентитет на новиот сопственик, за да го поштеди до медиумите, но и за тој да биде уредно и целосно известен и информиран за добивката.

Добивката се состои од веќе споменатиот 16-собен хотел, кој нема никакви долгови или какви било дополнителни трошоци, но вклучува и пет автомобили, два минибуса со по 10 седишта за потребите на туристите во хотелот, комби, куќа со четири соби, ресторан и готовина во износ од 10.000 долари. Хотелот е изграден на земјиште под наем, но тој договор ќе истече дури по 20 години.



Островот Косрае се наоѓа северно од Саломонските Острови и југозападно од Хаваите. На него има 6.500 жители. Хотелот е доста популарен меѓу туристите, посебно кај љубителите на риболовот и нуркањето.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби