Која е сторијата на тажното момче од Сирија?

Вчера светот го потресе фотографијата и видеото од една многу тажна глетка од дечиња во Алепо, Сирија. Болничарите, односно волонтерите како дел од организацијата The White Helmets извлекуваа семејства од бомбардираните куќи во градот, каде што се случил нападот.

Целата снимка беше објавена на интернет каде што милиони луѓе ја споделија со цел да се рашири веста што е можно повеќе и да се разбуди свеста кај повеќето.



За среќа, целото семејство на детето е здраво и тргнато од опасното место за живеење. Но, која е неговата приказна?

Живеам на 300 метри од местото каде што се случи нападот. По 19 часот, односно по молитвата, ги слушнавме експлозиите. Побрзав натаму со уште тројца новинарски активисти. Првото што го видов беа три тела на земјата кои ги носеа во болничка кола. Телата беа безживотни, а се работеше за соседите на детето, односно Омран. Нивната куќа беше целосно уништена.

Потоа се свртив кон куќата до нив, односно куќата на Омран која беше до половина срушена. Волонтерите од The White Helmets се качија на скали за да влезат во куќата и да видат дали има некој жив. Сите помагавме.



Првиот преживеан беше Омран, кој почнав веднаш да го снимам. Открив дека тој има четири години.

Беше многу темно за добра снимка, но продолжив да снимам. Волонтерот го однесе во амбулантната кола и го остави на стол. Продолжив да снимам. Сфатив дека момчето е трауматизирано, па од снимање, се решив да направам фотографија.

Солзите сами ми навираа во очи. Не е прв пат да плачам. Постојано плачам кога снимам исплашени деца. Секогаш плачам. Воените фотографи секогаш плачат, а синоќа сите плачевме.

Омран особено ме допре, затоа што ништо не зборуваше. Не плачеше. Не прозбори ни збор. Беше во шок.

Помислив на мојата ќерка која беше на овој свет само 7 дена. Си помислив дека тоа можеше да биде таа. Можеше да биде кое било дете во Алепо или Сирија.

Потоа тимот продолжи да ги спасува членовите на фамилијата. Најстарата сестра на Омран, која имаше 11 години, ме погледна и ми кажа да престанам да снимам и веднаш ја послушав.



Фала му на Бога што сите членови на фамилијата на Омран се безбедни. Неговата мајка имаше некои лоши повреди на нозете. Неговиот татко имаше помала повреда на главата. Неговата 7 годишна сестра имаше хируршка операција, но добро е.

Денес, кога се разбудив, видов дека целиот свет ја споделува фотографијата и зборува за тоа. Си помислив „се надевам дека сите фотографии од децата и нападите во Сирија ќе се прошират низ целиот свет и сите ќе дознаат каков е животот овде“.

Ако луѓето знаат како е да живееш во војна, ќе направат да престанат бомбардирањата.

Можеби Омран и ќерка ми Амал ќе може да живеат нормално како сите други деца во светот.

Ова го напиша фотографот кој беше на местото на несреќата, Махмоун Рислан. Нема потреба од понатамошни коментари.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби