My London беше кампања која ова лето ја направи Café Art, непрофитната организација сместена во главниот град на Британија.
На 1-ви јули, 105 бездомни лица се собраа пред катедралата Св. Пол и на секој од нив му беше дадена камера за да го документира градот каков што секојдневно го гледа. Низ очите на бездомниците Лондон беше прекрасен, а кои беа најдобрите издвоени фотографии од овој проект на Café Art?