ИСКРИВЕНА ВЕРЗИЈА НА НАСТАНИТЕ

Научното објаснување зад лажговците како Рајан Лохти

Американскиот пливач и олимписки шампион Рајан Лохти, се наоѓа во неволја. Тој веќе се соочува со јавна осуда по скандалот поврзан со неговите лажни обвиненија ( и на останатите колеги од репрезентацијата) за грабеж додека се натпреваруваше на ЛОИ во Рио. Сега по враќањето во САД останува и без спонзорите кои ја финансираа неговата кариера.



Покрај тоа што не стивнуваат медиумските и социјалните шеги на сметка на Лохти (како најекспонирано лице од сите обвинети), американските медиуми се фокусираа на одговорот на прашањето: зошто Рајан и останатите пливачи лажеа на прво место?

Според Вилијам Ернест, асистент професор на St. Edward’s универзитетот во Остин, Тексас и ко-автор на книгата “Lying and Deception in Human Interaction”, лажговците најчесто лажат за да избегнат казна или јавен срам за делата кои ги сториле.

-Тоа го носиме во себе уште од деца, а продолжува и кога сме возрасни. Не се менува премногу, изјави Ернест за Huffington Post.

Фактот што сите пливачи се вклучиле во лагата за делото кое го сториле, е од детските денови. Но, тие сега се тимски колеги кои и во иднина треба да се натпреваруваат на вакви натпреварувања. Дури и само едниот од нив да лажел, останатите прифатиле да „ја искриват“ вистината и да лажат за доброто на целината. Тоа е затоа што сметале дека треба да се заштитат од јавната осуда и негативна перцепција од општеството, а најдобар начин да го направат тоа е со колективна лага.



Според истражувањето “Lying and Deception in Human Interaction” објавено во Royal Society Publishing изданието од 2014-та година, е откриено дека „несебичните“ колективни лаги ги зближуваат луѓето, а тоа бил и случајот со Рајан Лохти и колегите од репрезентацијата.

Голем удел според Ернест има и фактот дека Рајан покрај тоа што е спортист, е и славна личност, и негативниот публицитет од оригиналниот инцидент (вандализмот во јавното WC под дејство на алкохол) би го нарушил неговиот имиџ на славна ѕвезда. Богатите и славните лица имаат поинаква перцепција за тоа што се подразбира под мамење и правење недозволени работи, бидејќи имаат поголеми средства за да се извлечат од неволјата во која  запаѓаат Подобри адвокати, пари, спин доктори, ПР агенти...



На самиот крај, не смее да се занемари и фактот што сите биле под дејство на алкохол и токму алкохолизираната состојба била тригер за инцидентите на спортистите во Рио, но и причина тие да имаат искривена верзија на настаните. Па затоа по отрезнувањето се одлучиле на колективна лага. Дека биле ограбени, што всушност не беше случајот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби