Што би направиле со стар напуштен хангар за чување на авиони?
Би го оставиле да скапува и да се распаѓа или би ја искористиле визијата и целиот талент кој го поседувате за од него да направите живеалиште за семејството?
Архитектот Адам Калкин го направи токму тоа. Го претвори хангарот за авиони сместен во Њу Џерси во прекрасно живеалиште, а за процесот, инспирацијата и предизвиците нека ви каже самиот Адам во „турата“ низ куќата.