Како да совладате нов странски јазик за брзо време

Патувањето во странска земја освен тоа што ги проширува видиците, секогаш крие по некој предизвик што треба да го надминете, особено ако решите да се преселите за постојано да живеете таму.

Покрај останатите работи кои треба да ги поседуваат во таа земја, многу важен фактор е и познавањето на јазикот што се зборува таму. Без разлика дали започнувате нов живот, одите само на патување или пак сакате да си го проширите знаењето, учењето на друг јазик не е лесно. И наместо да трошите пари на курсеви, освен ако не ви е потребен документ за познавање на јазикот, научете го самите и тоа за многу брзо време.



Јасно одредете ја целта и детално испланирајте го учењето

Направете си план на учење, набавете си материјали и одредете кои лекции за колку време ќе ги совладате. Исто така, добро е да направите план по колку време на ден ќе може да одделувате за учење.

Залепете стикери

Означете ја својата околина со стикери на кои е испишан називот на секој предмет на странскиот јазик кој го изучувате. Така цело време ќе бидете опкружени со потсетници.

Најдете партнер

Освен што ќе ви биде полесно да учите, партнерот може да биде одличен мотиватор. Може да се натпреварувате кој побрзо и подобро ќе ги совлада новите зборови. А, може и да си ја поделите одговорноста, па да учите посебни лекции кои потоа ќе си ги раскажувате.



Подгответе мини мотиватори

Осмислете си мали предизвици кои ќе ве натераат да совладате некое ниво во краток рок.

Сè што работите поврзете го со тој јазик

Опкружете се со филмови и музика на странскиот јазик кој го изучувате, како и на типичната храна на земјата. За време на одморот при рака нека ви биде речникот.

Искористете го постоечкото знаење

Пронајдете сличности со странскиот јазик кои веќе ги знаете. Така полесно ќе ги запаметите новите информации.

Користете разни методи на учење

Немојте само да зјапате во книгата. Користете радио, интернет, мобилни апликации, зборувајте си сами со себе на новиот јазик, најдете изворен соговорник, напишете приказна. На овој начин ќе го совладате слушањето, зборувањето, пишувањето и читањето за многу побрзо време.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби