Животна сторија: Како живее девојката која 10 години била заклучена и мачена?

На 23 август, 2006 година, Наташа Кампуш му избегала на својот киднапер Волфгенг Приклопилу, кој ја киднапирал во 1998 година, кога имала само 10 години.

Детството го поминала со нејзините родители, кои во почетокот живееле во вонбрачна заедница, а подоцна се разделиле. Со две постари сестри и пет роднини живееле во Виена.



На 2 март, 1998 година, заминала на училиште, но никогаш не стигнала таму. Подоцна, 12-годишен сведок рекол дека ја видел Наташа како некој ја турка во бел минибус. Кажал и дека некој друг управувал со возилото.

Наташа никогаш не потврдила, ниту пак негирала дека при киднапирањето учествувале две личности. Полицијата била скептична во врска со изјавата на сведокот, особено затоа што од училиштето потврдиле како токму тој ученик има бујна фантазија. Сепак, почнале потрага. Дури го пребарале и минибусот на Волфгенг. Тој тогаш кажал дека на денот на исчезнувањето на Наташа бил сам дома и дека минибусот го користел за превоз на градежен материјал. Немал досие, па полицијата повеќе не го испитувала. Киднаперот ја држел заклучена во мала тајна соба, два и пол метри под земјата во простор од само 5 квадратни метри.

Му се воодушевувал на Хитлер

Во едно интервју, Наташа изјавила дека тој му се воодушевувал на Хитлер.

- Сакаше да патам како жртвите на нацизмот. Ми даваше малку облека за да ми покаже дека тој е господар, а јас роб. Ми даваше малку храна, ми ја бричеше цела глава, ме понижуваше и ме тераше да извршувам тешка работа.



Првите шест месеци не смеела да излегува од собата. Подоцна и дозволувал да се движи низ остатокот од куќата, а од јуни 2005 година и дозволил да се шета низ градината во куќата, која се наоѓала во Страшоф ан дер Нордбан, во јужниот дел во Австрија.

Ја убедувал дека вратите и прозорците се осигурани со експлозиви па при секој нејзин обид за бегство, ќе експлодираат. Исто така, и рекол дека носи пиштол и дека ќе ја убие ако се обидеа да избега.

И давал книги сама да се образува. Гледала телевизија и слушала радио. Наводно имала повеќе прилики да избега, а и тој самиот и сугерирал како да го направи тоа. Сепак, ги негирала овие тврдења.

Ја силувал

Наташа признала за медиумите дека Волфгенг ја силувал, а се појавила и приказна дека била бремена и дека му родила дете, а подоцна бебето го закопала во дворот во куќата во која била затворена. Но, таа негирала дека била трудна.

На 23 август, 2006 година, му го чистела автомобилот. Телефонот на Волфгенг заѕвонел, па се оддалечил да може на мира да разговара. Бидејќи чистела со правосмукалка, ја оставила вклучена и избегала. Минувачите не реагирале на неа, па таа затропала на прозорец кај една жена, која повикала полиција.

Волфгенг го убиле?

Откако Наташа избегала, Волфгенг се фрлил под воз во Виена. Сепак, подоцна медиумите се сомневале во тоа.



Имено, Јохан Ресут, претседател на судот и поранешен член на комисијата која го истражувала случајот, изјавил дека прошталното писмо на Волфгенг било многу сомнително. Освен тоа, била сомнителна и положбата на неговото тело, па сметале дека можеби е убиен.

Наташа дизајнира накит и се труди да си го земе животот во свои раце

Десет години откако избегала, Наташа дала интервју во кое зборува за својот нов живот. Сега е подготвена да си го земе животот во свои раце.

Сака да заврши матура, оди на часови за пеење и јавање и дизајнира накит за своите нови пријатели. Објавила втора книга „10 години слобода“. Вели дека сака самата да си ја раскаже својата животна сторија. Се уште не го пронашла мажот на својот живот, но таа опција не е исклучена.

Од државата барала милион евра оштета. Барањето го поднел нејзиниот адвокат во 2011 година на основа на изјава на поранешен член на австриската сојузна криминалистичка агенција во Виена, кој ја обвинил власта дека ја игнорирале изјавата на локален полицаец за киднапирањето и бел минибус, со кој тој ја киднапирал Наташа. Сепак, властите заклучиле дека нема да и дадат оштета.

Кон својот киднапер, кој Наташа го нарекува криминалец, се уште има измешани чувства. Со себе секогаш носи неговата фотографија, го одржува неговиот автомобил и патува во странски земји под лажно име, поради големото внимание кое го привлекува. Во една емисија изјавила дека посакакува да е жив со цел да ја раскаже неговата приказна. Инаку, таа е сопственичка на куќата во која некогаш била затворена.



Заработила 5 милиони фунти

Според некои статистики, Наташа до 2013 година, благодарение на бројни интервјуа и продажба на првата книга во која пишува за киднапирањето, заработила околу 5 милиони фунти.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби