TELEGRAPH ПИША ЗА НАС

25 неверојатни работи кои не ги знаете за Македонија

Познатиот британски магазин Telegraph ни ја честита независноста со 25 неверојатни работи кои не ги знаат странците за Македонија. Ја земаа оваа бројка, токму поради 25 години од нашaта независност. Кои работи се најдоа на нивната листа?

1. За вас, тоа е Република Македонија



Земјата има некои несогласувања со Грција во врска со нејзиното име. Имено, Грците тврдат дека земјата е нивна. Иако Македонија официјално е позната како Република Македонија, процесите со ЕУ и НАТО ги започна како Поранешна Југословенска Република Македонија.

2. Висока земја

Постојат над 50 езера и 34 планини со висини од над 2.000 метри. Се наоѓа на петтото место на просечна надморска височина и тоа веднаш зад Андора, која е на првата позиција, Швајцарија, Австрија и Турција.

3. Стара земја



Македонија датира уште од 808 година п.н.е и најмногу беше под водство на основачката династија Аргеади. Се смета дека главниот град Скопје е стар седум илјади години.

4. Толку стара што...

Се смета дека делови од крстот на кој бил распнат Исус се наоѓаат во темелите на три манастири во земјата – Св. Богородица Пречиста во Кичево, Св. Јован Бигорски и Св. Ѓорги Победоносец во Дебар. Низ земјата има над 1000 цркви и манастири, додека во градот Охрид има само 365 цркви, по една за секој ден од годината. Земјата се нарекува и Ерусалим на Балканот.

5. Има еден град заштитен од УНЕСКО



Охрид е единствениот град кој е заштитен од УНЕСКО. Градот со неговото Охридско езеро се сметаат за културно и природно наследство.

6. Но и од НАСА

Кокино, кое се наоѓа на север, е едно од најстарите светски опсерватории, признати од НАСА. Датира од 19 век п.н.е, а моментално се наоѓа на листата за „експериментални наследства“ за заштита од УНЕСКО.

7. Има своја светица



Мајка Тереза, која неодамна беше прогласена за светица од папата Франциско, е родена во Скопје во 1910 година. Денес во земјата има статуи и музеј посветен на нејзиниот живот.

8. Го има и Александар Македонски

Некогаш Крал на кралството Македонија, Александар Македонски бил првиот освојувач, кој го проширил своето кралство од Грција и Персија до Индија и Египет.

9. Неговата статуа е мистериозна



Контроверзната статуа на плоштадот „Македонија“ во главниот град е официјално наречена „Воин на коњ“, која според многумина набљудувачи станува збор за Александар Македонски. Статуата е висока 28 метри, тежи 30 тона и чини неверојатни 9.4 милиони евра!

10. Има свое Сент Тропе

- Трпејца, мало селце на крајбрежјето на Охридското езеро е познато како Сент Тропе во Македонија, напиша патописецот на Telegraph, Адриан Бриџ, кој беше во посета на Македонија во јули.

11. Горда е на пауните



Јужно од Охрид, се наоѓа манастирот Св.Наум, кој датира од 910 година н.е., каде што може да се видат пауни кои си шетаат околу манастирот.

12. Има држава во држава

Селото Вевчани се наоѓа северно од Охридското езеро и е познато по своите извори, кои им се омилени на уметниците. Откако Македонија се оддели од Југославија, селото се прогласи себеси за независна Република Вевчани. Селото има 2.500 жители и свој пасош и валута. А ако пиете доволно вевчанско вино, може да станете горд граѓанин на селото.

13. Македонија има две знамиња



Моменталното знаме се користи од 1995 година и има жолто сонце со осум краци, но од 1992 до 1995 година користеле друго знаме со помало сонце во средината на знамето. Изненадувачки е фактот дека токму новото знаме било направено само за инат на Грците, бидејќи тие сметаат дека токму Македонија е грчка.

14. Се залага за мир

Македонија беше единствената земја која откако се распадна Југославија остана во мирни односи со останатите земји од Југославија.

15. Главниот град претрпе земјотреси



Скопје преживеа два големи земјотреси, а поголемиот беше во 1963 година со јачина од 6.1 степен. Беа уништени 80% од градот и починаа над 1.070 луѓе.

16. Нема визен режим

Кои било странски државјани кои сакаат да ја посетат Македонија немаат потреба од пасош за да влезат во земјата.

17. Може да се пофали со пештери



Пештерата Пешна се смета за најголемите пештери на Балканскиот регион.

18. Има огромен милениумски крст

Скопје е дом на петтиот најголем крст во светот, со 66 метри височина. Изграден е да го обележи 2.000 години старото Христијанство во земјата. Се наоѓа на планината Водно и може да се стигне до него преку планинарење, велосипед или со жичара.

19. Има свој Елвис Присли



Тоше Проески, или познат како балканскиот Елвис Присли, беше една од најпознатите и најуспешните ѕвезди во овој регион. На 26 години почина во сообраќајна несреќа во Хрватска, но неговиот дух се уште живее во градот Крушево, каде што живеел како мал. И до ден денес се посетува неговиот гроб и меморијален центар.

20. Поетите обожаваат да поминуваат време во земјата

Струга е градот каде што секоја година се одржуваат Струшките вечери на поезијата, уште од 1961 година. Овој настан е еден од најголемите светски вечери на поетите.

21. Скаменета свадба



Близу градот Кратово се наоѓаат неколку чудни камени статуи за кои постои легенда дека станува збор за свадба. Статуите познати како Кукици, формирани пред 50.000 години, образуваат невеста, младоженец, кум и старосватица.

22. Отоманите оставиле историја

Благодарение на Отоманското владеење од 14 век, постојат неколку џамии од тоа време, вклучувајќи ја и Шарената џамија изградена во 1495 година, која е една од најпознатите примероци на исламистичката архитектура во светот.

23. Има три национални паркови



Македонија има три национални паркови, од кои Маврово е најголем. Прогласен е за национален парк во 1949 година, а таму може да го видите и езерото Маврово, како и највисоките врвови во земјата, каде што многу планинари се искачуваат.

- Маврово има импресивни шуми каде што има над 100 ретки видови на дрвја, додека врвовите се богати со диви тревки, кои може да се собираат рачно, објаснува еден туристички водич за Telegraph.

24. Фудбалот не е на завидно ниво, но..

Но, затоа ракометот е многу популарен. Во 2002 година, ракометниот клуб Кометал победи во Женскиот шампионат на Европскиот куп. Националниот тим се обидува да се квалификува за Олимпијада.

25. Разновидна кујна



Македонската кујна е инспирирана од медитеранската, турската како и западно европската кујна. Тавче гравче се смета за традиционално јадење, додека мастиката е позната како традиционален пијалак.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби